Коруптивна одлука на Никола Јолески го тресе правосудството – скандал во ОЈО Струга,обид за убиство во редовна постапка?

Saso
By Saso
5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Повторно на мета се најде Основното јавно обвинителство во Струга, предводено од сомнителниот Никола Јолески, в.д. основен јавен обвинител, кој со својата скандалозна и можна коруптивна одлука предизвика праведен гнев во јавноста.

Случајот што го потресе јавното мислење

На 16 септември 2025 година, полициски службеници од ОВР Струга лишија од слобода 29-годишно лице од Струга, а денот потоа, на 17 септември околу 11:00 часот, уапсија и 34-годишно лице од струшкото село Велешта. Двајцата се обвинети за кривично дело “убиство во обид” по член 123 став 1 во врска со член 19 од Кривичниот законик.

Според информациите од МВР, случајот се случил на улица “ЈНА” во Струга, каде што осомничените со метални предмети напаѓале 52-годишно и 17-годишно лице, двајцата од дебарското село Џепиште. Кулминацијата на насилството дошла кога 34-годишното лице со пиштол испукало неколку куршуми кон 52-годишното лице и потоа избегало.

Скандалозната одлука

Она што предизвика најголемо негодување е одлуката на в.д. основниот јавен обвинител Никола Јолески да не побара било каква мерка на обезбедување против двајцата сторители. Наместо тоа, лицата беа пуштени во редовна постапка (случајот се фрла под тепих), и покрај тоа што се обвинети за:

  • Обид за убиство
  • Незаконито поседување и употреба на огнострелно оружје
  • напад на службено лице
  • Други кривични дела

Неприфатлива и сомнеж на можна коруптивна одлука на Јолески?

Крајно нелогична, вонправна и неприфатлива е одлуката на обвинителот Јолески во овој случај, што јасно упатува на сомнеж за можни коруптивни практики. Затоа што мерки на обезбедување – притвор се бара за нарушен јавен ред и мир, за обична физичка пресметка – еден шамар, а во наведениот случај имаме употреба на огнено оружје, обид за убиство и други кривични дела, а замислете – Јолески нема донесено ниту основна одлука за одземање на патна исправа и слично.

Ова не е грешка или недоследност – ова е јасен  сомнеж на коруптивна одлука што ги става граѓаните во опасност и го разнишува правосудниот систем одвнатре. Јолески очигледно работи против интересите на правдата и во корист на криминалците.

Ваквата сомнежна коруптивна одлука на Јолески не само што го дискредитира целокупното обвинителство, туку претставува директна закана по безбедноста на граѓаните. Кога обвинител свесно ги ослободува потенцијални убијци без никаква мерка на обезбедување, тоа е кривично дело и предавство на јавниот интерес.

Итна контрола на Совет на обвинители и на Вишо јавно обвинителство врз работата на обвинителот Јолески

Ваквите сомнежни коруптивни одлуки МОРА веднаш да ги преиспита Вишото јавно обвинителство во Битола, Советот на јавни обвинители на Северна Македонија, државниот јавен обвинител, но и министерот за правда Филков.

Потребна е итна контрола на Советот на обвинители и на Вишото јавно обвинителство врз работата на обвинителот Јолески, со посебен акцент на последниот случај, но и итна ревизија на сите негови можни одлуки кои фрлаат сомнеж на коруптивни одлуки.

- Advertisement -
Ad image

Оваа сомнежна коруптивна одлука не смее и не може да биде ставена под тепих како и мноштво други незаконски одлуки што во минатото останале без соодветни санкции и последици.

Порака до премиерот Мицкоски

Премиере Мицкоски, граѓаните од Вас очекуваат итна реакција и конкретни мерки против корумпираниот обвинител Јолески. Ова не е само прашање на правосудство, туку прашање на безбедност на граѓаните и довербата во државата.

Доколку Вашата влада не реагира брзо и одлучно против ваквите сомнежни коруптивни практики, ќе биде соучесник во рушењето на правосудството и ставањето на граѓаните во опасност.

- Advertisement -
Ad image

Крај на толеранцијата кон корупцијата

Доста е со толерирање на обвинители како Јолески кои донесуваат сомнителни коруптивни одлуки и ги заштитуваат криминалците. Граѓаните заслужуваат правосудство кое ќе ги заштити, а не кое ќе ги изложи на опасност.

Времето е за решителни дејства, отстранување на корумпираните кадри и воспоставување на правосудство кое ќе служи на граѓаните, а не на криминалот!

Сашо Денесовски

Share This Article