СAД вршат неприфатлив притисок врз Гренланд, изјави за ТВ2 премиерката на Данска, Мете Фредериксен, пред посетата на висока американска делегација на полуавтономната данска територија оваа недела.
Посетата на американската делегација, која ќе трае од четврток до сабота, ќе ја предводи Уша Венс, сопруга на потпретседателот Џ. Д. Венс, заедно со советникот за национална безбедност на Белата куќа, Мајк Волц, и со секретарот за енергетика, Крис Рајт.
– Морам да кажам дека притисокот што се врши врз Гренланд и врз Данска во оваа ситуација е неприфатлив. И тоа е притисок на кој ќе се спротивставиме. Посетата не може да се сфати како знак на почит. Планираните посети не можат да се гледаат одделно од сѐ погласните изјави и пораки што ги слушаме од Америка од јануари – изјави Фредериксен за ТВ2.
Ниту Владата на Гренланд ниту Владата на Данска не упатија покана до делегацијата.
Tagged as:
Копенхаген смета дека посетата на американската делегација е далеку од знак на почит
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
