Background

Контрапротести во Иран, власта тврди дека ја презема контролата

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, изјавил дека состојбата во земјата „дојде под целосна контрола“. Но, според „Гардијан“ сведоштвата што стигнуваат од земјата откриваат сосема поинаква слика на репресија, крв и на страв.

- Advertisement -
Ad image

На повик на претседателот Масуд Пезешкијан, илјадници луѓе денеска излегоа на плоштадот во Техеран за да го поддржат режимот и да им оддадат почит на загинатите безбедносни сили. Претседателот на парламентот, Мохамед Багер Галибаф, изјавил дека Иран води „војна против терористи“ и дека „Трамп ќе научи незаборавна лекција ако нападне Иран“.

„Намерно им пукаа во лице“

Махса, новинарка од Машхад, успеала да испрати порака пред целосниот прекин на интернетот:

– Тие се нафрлаат во толпата со комбиња и велосипеди. Ги видов како намерно пукаат во луѓе во лице. Улиците се полни со крв. Се плашам дека ќе бидам сведок на море од мртви луѓе.

Сведоштва од Техеран потврдуваат дека снајперисти пукаат во толпата. Се појавиле снимки со тела наредени во импровизирани мртовечници. Државната телевизија тврди дека загинатите биле убиени од демонстранти, но независни извори, како организацијата ХРАНА, наведуваат дека најмалку 538 лица се убиени, меѓу нив 490 демонстранти, додека над 10.600 се уапсени.

 

 

„Почнуваат да го прават тоа“

Неколку часа пред изјавата на Арагчи, Доналд Трамп изјавил дека Иран побарал преговори, но истовремено размислувал за „многу силна“ воена акција.

На прашање од новинарите, Трамп одговорил:

– Изгледа дека почнуваат да го прават тоа – алудирајќи на убиствата на демонстрантите.

Втора фаза од израелската војна?

Потпретседателот на Иран, Мохамад-Реза Ареф, ги нарекол немирите „втора фаза од војната на Израел против иранскиот народ“. Тој изјавил дека владата ги прифаќа „протестите и критиките“, но не и „немирите“.

Според него, „непријателите“ ги саботирале економските реформи и ја дестабилизирале внатрешната сцена.

„Пукаа во невооружени демонстранти“

Сара, бизнисменка од Техеран, сведочи:

– Атмосферата беше мирна, имаше семејства и постари луѓе. Одеднаш дојдоа безбедносните сили и почнаа да пукаат одблиску.

Видео снимките прикажуваат толпи покриени со солзавец, луѓе кои бегаат и викаат „Бесрамно!“. Деветнаесетгодишна студентка изјавила:

– Видов баба како пее „Смрт за Хамнеи“ додека носи чадор. Тоа е симбол на отпорот.

Протестите не стивнуваат

Протестите кои се закана за Исламската република и можност за враќање на друг систем започнаа на 28 декември, официјално поради падот на валутата и економската криза. Сега протести има во повеќе од 100 градови.

Владата не објавила официјални податоци за бројот на жртви, но независните организации предупредуваат дека бројките растат.

Синот на поранешниот шах на Иран, Реза Пахлави, претходно повика да се окупираат централни градски простори и да се задржи притисокот. Веењето на знамето на монархијата со лав и сонце на еден од протестите и поддршката и повиците кон Пахлави ги засилија дебатите околу тоа каква промена бараат демонстрантите.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation