Компанијата „Опен АИ“ тврди дека направила „значителен чекор“ кон вештачка општа интелигенција со лансирањето на најновата надградба на Чет ГПТ, но признава дека сè уште „недостасуваат многу работи“ во потрагата по создавање систем способен да ја извршува работата на луѓето

Lorita
By Lorita
9 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Компанијата „Опен АИ“ тврди дека направила „значителен чекор“ кон вештачка општа интелигенција (AGI) со лансирањето на најновата надградба на Чет ГПТ, но признава дека сè уште „недостасуваат многу работи“ во потрагата по создавање систем способен да ја извршува работата на луѓето, објави Гардијан.

Стартапот рече дека неговиот модел ГПТ-5, основната технологија што ќе го напојува револуционерниот ВИ-четбот, претставува големо унапредување во однос на претходниците во области како програмирање и креативно пишување, а исто така и помалку се потпикува.

Компанијата соопшти дека надградбата веднаш ќе биде достапна за сите 700 милиони неделни корисници на Чет ГПТ.

Главниот извршен директор на „Оупен АИ“, Сем Алтман, го нарече моделот „значителен чекор напред“ кон постигнување на теоретската состојба на AGI, која стартапот ја дефинира како високо автономен систем што ги надминува луѓето во најголемиот дел од економски вредната работа или, со други зборови, може да ја врши нивната работа.

Сепак, Алтман призна дека ГПТ-5 сè уште не ја достигнал таа цел.

– Му недостига нешто многу важно, многу работи што се многу важни – рече Алтман, посочувајќи на неможноста на моделот „континуирано да учи“.

Алтман рече дека ГПТ-5 е „генерално интелигентен“ и „значителен чекор на патот кон AGI“, но дека сè уште не е таму според повеќето дефиниции.

– Мислам дека начинот на кој повеќето од нас го дефинираат AGI – сè уште ни недостига нешто многу важно, многу работи кои се многу важни. Но, едно големо нешто… ова не е модел што континуирано учи откако е пуштен во употреба од работите што ги открива, што, според мене, треба да биде дел од AGI – рече тој, додавајќи дека, сепак, станува збор за „огромно подобрување“ во однос на претходниците.

Чет ГПТ 5 е доктор на науки

За време на настанот за лансирање на ГПТ-5 во четвртокот, Алтман рече дека оваа најнова верзија на Чет ГПТ е како да имате „експерт со докторска диплома в џеб“. Тој ја опиша претходната верзија на четботот како студент, а верзијата пред тоа како средношколец.

- Advertisement -
Ad image

Теоретските можности на AGI, како и решеноста на моќните технолошки компании да ја постигнат, доведоа до предвидувања од ВИ-извршни директори дека канцелариските работни места – од адвокати до сметководители, лекари и банкари – ќе бидат избришани од идните напредоци на технологијата. Дарио Амодеи, директор на развивачот на „АИ антропик“, предупреди дека технологијата би можела да замени половина од сите почетнички канцелариски работни места во следните 5 години.

Новата верзија веќе не халуцинира толку

„Опен АИ“ рече дека главните подобрувања кај ГПТ-5 вклучуваат: помалку фактички грешки или „халуцинации“; подобро програмирање, со што може да создаваат функционални веб-страници и апликации; поголема способност за креативно пишување; и, наместо директно да одбие барање што ги крши упатствата, моделот ќе се обиде да даде најкорисен можен одговор во рамки на насоките за безбедност или барем ќе објасни зошто не може да помогне.

Функцијата „агент“ во Чат ГПТ – која извршува задачи како наоѓање слободни термини во ресторани и онлајн-шопинг – сега ќе може да пристапува до Џимејл, Гугл-календарот и контактите на корисникот, ако му се даде дозвола.

- Advertisement -
Ad image

Како и претходниците, ГПТ-5 може да генерира глас, слика и текст и да одговара на барања во сите тие формати.

„Одличен за здравствени совети, но не и замена за лекар“

Компанијата во четвртокот демонстрираше како ГПТ-5 може да напише стотици линии код за неколку секунди и да создаде алатки како програма за учење француски јазик. Вработените рекоа дека технологијата пишува и помалку „роботски“ и дека чатботот составил „понијансирана“ погребна беседа. Алтман рече дека Чет ГПТ е добар инструмент и за здравствени совети, претставувајќи жена која лани била дијагностицирана со рак за да зборува за тоа како четботот ѝ помогнал да одлучи дали да прима радиотерапија.

Компанијата рече дека надградениот Чет ГПТ ќе биде подобар во одговарањето на прашања поврзани со здравјето и ќе биде поактивен во „сигнализирање на потенцијални проблеми“, како сериозни физички или ментални заболувања.

Стартапот нагласи дека четботот не е замена за професионална помош, поради загриженост дека АИ-алатките би можеле да ја влошат состојбата на лица ранливи на психоза.

Шефот на Чет ГПТ во „Опен АИ“, Ник Турли, рече дека моделот покажал „значителни подобрувања во потпикувањето“, откако стартапот оваа година призна дека најсофистицираниот модел на четботот станал премногу согласлив и можел да ги вознемири корисниците или да им создаде непријатност.

Компаниите инвестираат милијарди за создавање вештачка општа интелигенција

Најновото издание на моделот доаѓа во момент кога технолошките компании вложуваат милијарди долари во своите обиди да постигнат AGI. Во вторникот, ВИ-единицата на Гугл го претстави својот најнов чекор кон AGI со прикажување недостапен „светски модел“, додека минатата недела Марк Закерберг, директорот на Мета, изјави дека развојот на суперинтелигенција – уште една теоретска состојба на ВИ што е уште помоќна од AGI – е „веќе на видик“.

Вербата на инвеститорите во потенцијалот за понатамошни пробиви, како и способноста на ВИ да ги трансформира модерните економии, исто така придонесе за бум во вреднувањето на компании како „Опен АИ“ со седиште во Сан Франциско. Во средата беше објавено дека Опен АИ е во рани преговори за продажба на акции на сегашни и на поранешни вработени, со што би се проценила на 500 милијарди долари – надминувајќи ја вредноста на „Спејс икс“ на Илон Маск.

Иако Опен АИ оваа недела објави и 2 отворени модели и има бесплатна верзија на Чет ГПТ, компанијата заработува од наплатата на претплати за најмоќните верзии на четботот и од интеграцијата на своите модели во ИТ-системи на компании. Користењето на бесплатната верзија на Чет ГПТ со GPT-5 ќе биде ограничено, додека корисниците на „Про“ пакетот од 200 долари месечно ќе имаат неограничен пристап.

Што е вештачка општа интелигенција (AGI)?

Вештачката општа интелигенција (AGI) е теоретска форма на вештачка интелигенција која има способност да извршува широк спектар на задачи на ниво еднакво или повисоко од човекот, без ограничување на одредена област. За разлика од денешните „тесни“ или „специјализирани“ ВИ системи, кои се одлични во конкретни задачи (како препознавање слики, превод или играње шах), AGI би можела да учи, да се приспособува и да размислува за нови проблеми исто како и човекот.

Го прашавме Чат ГПТ 5 како е подобрен во однос на претходниот модел – еве што одговори

Прашање: Кои се твоите предности во споредба со претходниот модел?

Одговор на Чет ГПТ 5:

„Јас сум значително подобрен во неколку клучни области. Имам помалку фактички грешки, пишувам покреативно и поприродно, а во програмирање можам да создадам функционални веб-страници и апликации за неколку секунди. Подобро разбирам комплексни барања, а наместо само да одбијам одговор што ги крши упатствата, се трудам да помогнам во рамките на безбедносните насоки или барем да објаснам зошто не можам. Пишувам помалку роботски, имам поголема јазична флексибилност и можам да генерирам текст, слики и глас на повисоко ниво од претходно. Исто така, сум подобар во обработка на информации од различни формати и во исто време“.

Share This Article