Топ Вести - Слушај сега
Премиерот Христијан Мицкоски е задоволен од искористеноста на средствата издвоени од унгарскиот кредит наменети за поддршка на домашните компании, како и од остварениот раст во делот на инвестициските активности кај домашните капацитети.
Тој денеска во изјавата дека од предвидените 250 милиони евра за таа намена досега преку развојната банка на компаниите им се префрлени некаде околу 225 милиони евра.
– Тоа е тој кредит што условно кажано го субвенционира Владата, со каматна стапка од 1,95 проценти, три години грејс-шериод и до 15 годни рок на отплата. Очекувам веќе во првиот квартал оваа година тој да биде целосно исцрпен, заедно со сопствените средства што банките ги инвестираат во развојните проекти на компаниите како поддршка на стопанството и економијата – рече Мицкоски.
Премиерот рече дека во делот на инвестициите Македонија е водечка во регионот, со двоцифрен број проценти раст.
– Ако се има предвид дека растот во првата половина од 2025 година, па и цела 2025 година е двоцифрен број проценти, споредено со истиот период во рамките на еврозоната тој е 2 до 2,5%, така што јас сум навистина задоволен од начинот на кој што овие средства се искористени – рече Мицкоски.
Премиерот денеска престојуваше во работна посета на Кратово, каде што ја посети целосно реконструираната голема спортска сала.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
