Илјадници возила од утрово влегоа во Грција од Македонија на граничниот премин Богородица.
Туристите го користат празничниот ден и викендот за да спојат мал пролетен одмор и голем дел од нив се упатени кон Егејското Море.
Од АМСМ утрово јавија дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
„Се бележи зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце за влез и на ГП Богородица за излез од државата, времето е на чекање е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата“, соопшти утрово АМСМ.