КОЛКАВИ ПЛАТИ СЕ ДОВОЛНИ ВО СУДСТВОТО?

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Screenshot
- Advertisement -
Ad image

Буџетот за судството за следната година е планиран рационално, во рамки на законските лимити и во контекст на фискалната консолидација, а во моментот се прават анализи за процентот од буџетот кој што му следува во судството согласно европските практики, изјави министерката за финансии Гордана Димитриеска -Кочоска.

– Во 2025 година буџетот за судството изнесуваше 2,858 милијарди денари, а со ребалансот изнесува 2,748 милијарди денари. За следната година, буџетот е предвиден на исто ниво, додека нивното барање беше  5,229 милијарди денари. Важно е да се напомене дека секој буџетски корисник, согласно Законот за буџети, добива лимит од Министерството за финансии во рамките на кој треба да ги планира своите расходи. За судството, лимитот бил 2,995 милијарди денари – рече Димитриеска-Кочоска во гостувањето во Дневникот на ТВ Сител.

Во однос на платите, министерката нагласи дека за 2025 година плати за судството се предвидени 2,334 милијарди  денари, додека во барањата за новиот буџет тие изнесувале 3,751 милијарди денари – односно речиси 1,4 милијарди денари повеќе од сегашното ниво.

-Во услови на фискална консолидација, кога претходно се трошело повеќе од дозволеното, сега е неопходно да се постави државата на правилен пат и да се постигне буџетски дефицит од 3% за следната година. Иста е ситуацијата и со Основното јавно обвинителство и Народниот правобранител – за секој од нив можеме да ги наведеме лимитите, барањата и разликите во однос на износите- рече Димитриеска-Кочоска.

Таа потенцираше дека мора внимателно да се провери од што точно ќе се пресметува овој процент.

– Не е доволно да се каже „0,3%, 0,4% или 0,8%” – треба да знаеме од кои приходи или средства произлегува. Во моментов извршуваме детални анализи за да го утврдиме точниот процент од буџетот што ќе му следува на судството и обвинителството. Нашата цел е рационално користење на средствата и транспарентно планирање во рамки на законските лимити – рече Димитриеска-Кочоска.

Share This Article