Топ Вести - Слушај сега
Американскиот претседател Доналд Трамп се закани со нов бран царини врз европските сојузници, за да направи притисок врз Данска поради Гренланд. Европската Унија соопшти дека ќе одговори на ова.
Трамп најави дека почнувајќи од 1 февруари ќе воведе царини од 10% за увоз од Обединетото Кралство, Данска, Норвешка, Шведска, Франција, Германија, Холандија и Финска. Според него, царинските давачки треба да се зголемат на 25 проценти од 1 јуни.
Во наредните денови, европските политички лидери ќе одржат вонредни консултации за евентуален одговор, а се дискутираат и контрамерки и пошироки казнени економски политики.
Аналитичарите предупредуваат дека последиците би можеле да бидат сериозни, особено за неколку клучни сектори- автомобилската и фармацевтската индустрија се најзасегнати, но нема да поминат лесно ниту енергетиката и луксузната индустрија.
Европските автомобилски гиганти, кои веќе ги почувствуваа последиците од непредвидливата трговска политика на Трамп минатата година, повторно се меѓу најизложените.
Автомобилскиот сектор се смета за особено ранлив поради високо глобализираните синџири на снабдување и големата зависност од производството во Северна Америка.
Веднаш по најавата на новите царини, акциите на „Фолксваген“, БМВ и „Мерцедес“паднаа за повеќе од 2,5%, а „Селантис“ забележа пад од околу 2,1%.
Главниот европски економист на Jefferies, Мохит Кумар, предупреди дека царините ќе имаат директен негативен ефект врз германската економија, која традиционално се смета за мотор на растот на Европа.
Според податоците на Евростат, Германија има најголем трговски суфицит со САД меѓу земјите опфатени со заканите на Трамп, пред Франција и Обединетото Кралство.
Франција, која е директно погодена од предложените царини, е дом на најголемите луксузни конгломерати како што се LVMH и Kering. Нивните акции паднаа за околу 3,5 и 2,6 %, а акциите на Richemont, Cucinelli и Burberry исто така забележаа пад.
експертите велат дека фармацевтскиот сектор може да биде особено чувствителен, со оглед на тоа што лековите и фармацевтските производи се најголемата извозна категорија на Европската Унија во САД. Во првите три квартали од минатата година, извозот на фармацевтски производи во САД достигна 84,4 милијарди евра, значително повеќе од машините и механичките делови или органските хемикалии.
По заканите на Трамп, акциите на Ново Нордиск паднаа за 2,1 процент, на Рош за 0,3 проценти и на Санофи за 0,9 проценти, додека Новартис малку порасна.
-Енергетскиот сектор може да биде индиректно засегнат во форма на послаба глобална побарувачка, пониски цени на нафтата и повисоки трошоци во синџирот на снабдување – велат експертите.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
