Кој ќе биде нов гувернер на Народната банка на Македонија?
Седумгодишниот мандат на актуелната гувернерка Анита Ангеловска Бежоска, која стапи на функцијата на 22 мај 2018 година, истекува на 21 мај. Според неофицијални информации до кои дојде Плусинфо, нејзините шанси да ја задржи сегашната позиција се мали.
Но, тоа ќе се знае откако денеска претседателката Гордана Сиљановска Давкова ќе достави предлог до Собранието за нов прв човек на централната банка. За нејзиниот предлог најверојатно парламентот ќе расправа утре.
Според информациите на Плусинфо, најсериозни кандидати за нов гувернер се поранешните министри за финансии Зоран Ставрески и Трајко Славески, а помали се шансите на Маја Кадиевска Војновиќ, поранешна вицегувернерка.
Претседателката Сиљановска Давкова досега беше воздржана и не лицитираше со имиња.
Премиерот Христијан Мицкоски, пак, претходно изјави дека за гувернерската позиција се во игра вонсериски искусни кандидати, за кои е убеден дека ќе ја одржат макроекономската стабилност.
Еден од условите за поддршка на кандидатот од ВМРО-ДПМНЕ и од Владата, според Мицкоски, е стриктна одбрана на фиксниот курс на денарот.
Функцијата гувернер на централната банка пред Ангеловска Бежовска ја извршуваа Димитар Богов (2011-2018), Петар Гошев (2004-2011), Љубе Трпески (1997-2004) и Борко Станоевски (1986-1997).
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
