Background

Кој дозволил ваква пиротехника во дискотеката во Кочани?

Нова снимка од трагедијата во Кочани го покажува моментот на изненадување на публиката и на изведувачите на концертот кога ја здогледуваат запалената кровна конструкција над нивните глави. Неофицијално, се смета дека несоодветна употреба на пиротехника го предизвика пожарот во Кочани кој одзеде десетици животи.

Се работи за концерт на македонската група ДНК во добро позната дискотека. Панчо од ДНК ѝ вели на публиката „Одете надвор“, додека во позадина се слушаат растреперени гласови и гужва. Над рефлекторите на плафонот може да се види дека е проширена линијата на огнот.

Повторно се слуша „одете надвор“ и може да се види чад кој доаѓа од сцената, најверојатно од ПП апарат за гасење пожар.

- Advertisement -
Ad image

Некои од граѓаните на социјалните мрежи веќе прогласуваат жалост за невидената трагедија која го зави во црно Кочани.

Во моментот на терен се пожарникарски, полициски и екипи на ЦУК, а на пат кон местото се премиерот и министерот за внатрешни работи.

Дел од повредените се пренесени во болница.

Според објава на „Скопје1“ на Фејсбук „огнот брзо се ширел. Дел од гостите биле жртви на огнот, а дел се угушиле од чадот. Противпожарните бригади и Брзата помош реагираше брзо. Внатре, според неофицијални бројки, имало стотици гости“.

На другата од објавените снимки може да види како дел од плафонската конструкција на дискотеката гори додека ДНК настапуваат. Пред крајот на снимката Панчо го здогледува пламенот и вели „Чекај, чекај“.

Плусинфо дојде до снимка која ги покажува првичните моменти на ширење на огнот. Може да се види дека над еден од рефлекторите почнува да се јавува пламен.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation