Background

Кого Борко Ристовски прави будали со базенот во Охрид?

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Десетгодишна приказна за неизвесност, раскинати договори и нови проектирања за спортскиот објект што никогаш не се завршува

- Advertisement -
Ad image

Затворениот базен во Охрид, чија изградба започна уште во далечната 2015 година, и понатаму останува само ветување за охриѓани. Министерот за спорт Борко Ристовски пред два дена во емисијата “Само интервју” на Канал 5 телевизија откри дека проектот е блокиран поради “големи проблеми со машинството”, раскинат договор со изведувачот и ново проектирање што е во тек.

Нова причина за одложување

Според Ристовски, договорот со изведувачот е раскинат, а во моментов се прави целосно ново проектирање затоа што “се сменети условите од периодот кога е започнато првичното проектирање”. Тој додаде дека за базенот има “сериозни наоди за сторен криминал” и дека се чека комплетирање на извештајот од вештачењето кој потоа треба да се предаде во Јавното обвинителство.

Министерот објасни дека основниот проект предвидувал базенот да користи вода од локалниот водовод, која требало да се преработува и загрева. Меѓутоа, сега се открило дека ваквиот систем би ги загрозил локалните корисници на водоводот.

“Ако земаме толку големи количини вода од водоводот, ќе се доведе во прашање снабдувањето на локалните корисници. Според новиот план, предвидено е за загревање да се користи систем со воздух”, напомена Ристовски, додавајќи дека дошле експерти кои го разгледувале проектот.

Хронологија на неуспех

Базенот требаше да биде завршен најдоцна до април 2018 година според првичниот договор. Следните крајни рокови беа 2020 и 2021 година, но ниту еден не беше исполнет. Минаа речиси десет години откако ВМРО-ДПМНЕ на голема врата ја започна изградбата на она што граѓаните сега го нарекуваат “спомен костурница”.

Првичните најави велеа дека затворениот пливачки базен ќе биде енергетски ефикасен објект кој ќе користи биотермални пумпи за поевтино користење во зимскиот период. Меѓутоа, реалноста покажува сосема поинаква слика.

Прашања без одговор

Граѓаните се прашуваат што министерот Ристовски правеше цели две години на функција, додека проектот стагнираше. Исто така, јавноста бара одговорност и од претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ која го започна проектот, но го остави во хаос.

Иронијата е што додека се чека ново проектирање, нови експерти, нови планови и извештаи за криминал, охриѓани останаа без ветениот спортски објект. Најтрагичното е што ова здание ризикува да остане како симбол на алчност, лоша организација и глупирање на аздисани политичари.

Прашањето што се наметнува е: Кого всушност Борко Ристовски прави будали – граѓаните на Охрид или самиот себе?

Сашо Денесовски

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation