Background

„Книга во секој дом“ продолжува до 20 мај – над триста наслови со попуст до 70 проценти во „Матица македонска“

Интересот на читателите за манифестацијата „Книга во секој дом“ и за изданијата на „Матица македонска“ е огромен, со барања од читателите манифестацијата да продолжи. Македонските домашни библиотеки се збогатени со многу нови квалитетни изданија. Поради тоа, манифестацијата нема да заврши денес како што беше предвидено. Поттикнати од интересот на читателите за книги на македонски јазик, „Матица македонска“ ја продолжуваат манифестацијата до 20 мај. Уште пет дена, над триста наслови ќе се со попуст до 70 проценти, а меѓу нив и најбараните и најчитани македонски и странски книги и автори.

 Попустот до 70%, уште пет дена, до следниот вторник, се однесува и на најактуелни изданија, со голем избор од илјадниците автори, книги и приказни за сечиј вкус – најбараното и од домашната продукција и од светската книжевност. Романи за сите генерации, семејни приказни, автобиографии, фанстастика, филозофија, психологија, историја, драма, трилер, мистика, есеистика, гастрономија, право и политика, лексикографија, книги за деца, енциклопедии, духовна литература, книжевна критика, поезија и разни креативни изданија ќе бидат овозможени во книжарницата на „Матица македонска“.

 Години наназад, со „Книга во секој дом“ се потврдува дека и во време кога новите технологии земаат најсилен замав, во Македонија има сериозна и бројна читателска публика, која бара книгата соодветно да дојде до неа. А тоа се потврди и годинава, во изминатите десет дена кога интерсот на читателите изданијата на „Матица македонска“ да бидат дел од нивните домашни библиотеки беше незапирлив.

- Advertisement -
Ad image

 „Матица македонска“ настојува да го оствари она што е во интерес на македонските читатели, за навистина да се овозможи книга во секој дом. Со оваа манифестација, повеќе од двеипол децении се успева да се оствари пораст на бројот на читатели, а македонската продукција да бележи огромен раст и прогрес на интересот за книги на македонски јазик со што домашните библиотеки стануваа сѐ побогати со македонски изданија. Ова издание на „Книга во секој дом“ потврди дека интересот за квалитетната книга, во Македонија е незапирлив, и дека порастот на читателскиот интерес во годините наназад и натаму трае.

 Дури во 2000 година, книгите на македонски јазик биле застапени со само 7% од вкупната продажба, во одреден период, веќе се успеа македонската продукција да биде  застапена со огромни 83%, и во исто време бројот на читатели-членови на „Клуб Матица“ да покажува дека читателската публика е зголемена и за повеќе од 40 пати. Затоа, по оствареното во изминатите години, „Матица македонска“ беше мотивирана и подготвена, годинава, на читателите да им овозможи низа настани и исклучителен избор на наслови и автори, со вонсериски ниски цени, само со една цел – книга и од најновата продукција на македонски јазик да има во секој дом. Огромниот интерес на читтелите за ова издание на „Книга во секој дом“ и барањата манифестацијата да продолжи упатија кон потребата манифестацијата да трае уште пет дена – до 20 мај, со цел што повеќе книги на македонски јазик да има во што повеќе македонски домови.

Инаку, покрај во книжарниците на „Матица македонска“, акцијата за изданијата опфатени со „Книга во секој дом“, во периодот и до 20 мај ќе важи и за нарачки преку е-книжарницата на „Клуб Матица“.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation