Background

Клубот изрази почит кон жртвите и сочувство со целото општество

Раководството на фудбалскиот клуб Шкендија вечерва излезе со реакци по скандалозното однесување на одредени навивачи за време на едноминутниот молк, со кој се оддаде почит на загинатите во трагедијата во Кочани на денешниот натпревар со Брера.

На стадионот во Тетово, пред почетокот на средбата во минутата молчење од почит кон загинатите, одредени навивачи пееја песни и довикуваа.

„Шкендија со целосна одговорност ја следи и ја почитува секоја институционална одлука поврзана со чувствителните моменти за општеството. Како клуб, длабоко ја доживеавме трагедијата што се случи во Кочани, настан кој ја шокираше целата земја и емоционално влијаеше на нашиот секојдневен живот. Ова чувство беше присутно на секој тренинг во овие денови, а се одрази и на натпреварот против АП Брера, каде и покрај победата од 2:1 и одржувањето на првото место на табелата, тимот не ја доживеа вообичаената радост по натпреварот“, велат од фудбалскиот клуб.

- Advertisement -
Ad image

Во овој контекст, додаваат тие, ФК Шкендија ја почитува минутата молчење што ја воведе Фудбалската федерација на Македонија во чест на жртвите.

„Сепак, во овој момент, група поединци на трибините избраа да не го почитуваат молкот, однесување кое не го претставува ниту клубот ниту навивачката база во целина. ‘Балистите’, кои вообичаено стојат на трибината на ‘Маршин Беќири’ зад голот, овој пат беа сместени на централната трибина. На стадионот имаше околу 3-4.000 гледачи, додека само група од околу 20 поединци покажаа неодговорно однесување, што не ги претставува чувствата, солидарноста и почитта на мнозинството присутни навивачи“, посочуваат од ФК Шкендија.

„Балистите“ се 12-ти играч на клубот и отсекогаш биле нераскинлив дел од Шкендија, додаваат тие, но неодговорното однесување на одредена група поединци не го отсликува ставот на навивачката група која моментално е во процес на реорганизација, ниту, пак, на останатата јавност која во тој момент реагираше со свирежи за изразување на незадоволството, стои во соопштението на „црвено-црните“ од Тетово.

Шкендија уште еднаш изрази жалење за ваквата состојба и го повтори својот непоколеблив став за почит кон изгубените животи и кон болката низ која поминува целото општество.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation