Клековски: Одговорно тврдам дека Македонија има капацитет да го организира понатамошниот третман и рехабилитација на пациентите од трагедијата во Кочани

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Одговорно тврдам дека Македонија има капацитет да го организира понатамошниот третман и рехабилитација на пациентите од трагедијата во Кочани, изјави директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски. 

На трибината „Кочани е наш приоритет“, Клековски нагласи дека според неговите информации моментално нема пациент кој има потреба да се лекува во странство.

Во однос на критиките на дел од пациентите, Клековски рече дека има впечаток дека до јавноста како повеќе да стигнуваат негативните примери, отколку позитивните, нагласувајќи дека има повеќе такви.

– Друга е перцепцијата и очекувањата. Можеби треба да направиме групни средби како е направено и што е направено, бидејќи сметам дека довербата меѓу пациентите ќе биде поголема, бидејќи имаме и позитивни искуства и примери – изјави Клековски.

Планот сега, рече Клековски, е повредените да се вратат во болниците од каде потекнуваат, додека сите кои имаат потреба од преврски се третираат на Клиниката, додека оние на кои им е потребен третман со физикална терапија се третираат во Кочани.

Клековски изрази уверување дека во Болницата во Кочани моментално сите потреби за дополнителна нега се решени, посочувајќи дека болницата има и кадар и ресурси – двајца физијатри и четворица физиотерапевти, додека буџетот за оваа година изнесува и има 249 милиони денари.

– Исто е и со ракавиците. Тие се прават по нарачка и земени се мерки. Тоа го финансира Сапорт Кочани, како што други работи ги финансираат други. Одговорно тврдам дека правиме максимум – изјави Клековски.

Во однос на боледувањата, Клековски рече дека се решаваат во од и повика доколку има каков било проблем да се обратат во подрачната служба да се регулира.

– Во рамки на законот правиме сѐ што е можно. Мора да нагласам дека во Фондот има подготвеност да направи се што е во рамки на законот. Имавме шест повредени дека не биле осигурани, додека други шест не биле осигурани, а ги осигурале по несреќата. Законот вика дека не може да одите на боледување без шест месеци стаж. Не е логично да се очекува Фондот да го крши законот. Правиме напори да се смени законот да важи за сите – рече Клековски.

- Advertisement -
Ad image

Во однос на барањата на дел од пациентите да направат контролни прегледи во болниците каде биле лекувани во странство, Клековски рече дека доколку имаат потреба и сакаат да го продолжат лекувањето таму, ние немаме против.

Share This Article