Додека веслал во морето на крајниот југ на Чиле, кајакар неочекувано бил проголтан од грбав кит.
Кајакарот Дел Симанкас веслаше со својот син Адријан низ разбрануваното море на теснецот Магелан во јужниот дел на Чиле. Одеднаш, грбав кит излетал од водата и го проголтал Адријан заедно со кајакот на надувување.
Китот набрзо го исплукал момчето од под површината на морето, а изненадениот Адријан допливал до кајакот на својот татко.
Како што подоцна изјави за Си-Ен-Ен, првпат во животот видел кит. Прво почувствувал удар од грбот кој малку го подигнал, но мислел дека е морски бран. „Кога се свртев, почувствував лигава текстура на моето лице. Видов како нешто ми се приближува одзади и ме влече под вода. „Во тој момент помислив дека не можам да сторам ништо, дека практично ќе умрам“, се присетува Адријан на тензичните моменти.
Китот потоа го исплукал и испливал. „Беше како ништо да не се случило“, изјави Адријан за Си-Ен-Ен, кој потоа се плашеше дека животното ќе се обиде да му го стори истото на неговиот татко. Го извлекол од морето на својот кајак и тие веслале до брегот.
Грбавите китови можат да пораснат до 17 метри долги и тежат до 40 тони. Се хранат со мали ракови и помали риби.