Топ Вести - Слушај сега
Кинеската компанија „Хенан Куангшан Крејн“ стана хит на социјалните мрежи откако им подели на своите вработени дури 180 милиони јуани (околу 26 милиони американски долари) годишни бонуси, или речиси 70% од вкупниот профит остварен минатата година.
Бонусот им беше врачен на вработените за време на годишната церемонија на која се собраа околу 7.000 работници. Околу 800 маси беа поставени во големата сала, а некои од нив беа покриени со готовина што вработените можеа да ја избројат и – да ја чуваат.
Во некои делови од програмата, работниците беа поканети на сцената каде што им беше дозволено да земат онолку банкноти колку што можат да избројат во ограничено време.
Снимките од настанот, кои брзо се проширија низ кинескиот интернет, покажаа како вработените носат купови пари, а некои едвај успеваат да ја задржат сумата што ја собрале, објави „Саут Чајна Морнинг Пост“.
Сопственикот на компанијата Цуи Пејџун дополнително ги изненади вработените за време на настанот кога одлучи да ги зголеми наградите. Обраќајќи се до финансискиот оддел, тој праша зошто се делат апарати за домаќинство наместо пари и нареди на секој вработен да му бидат исплатени дополнителни 20.000 јуани (околу 2.800 долари).
Вкупно, вклучувајќи ги и бонусите исплатени преку други канали, на вработените им беа распределени повеќе од 180 милиони јуани. Во 2025 година, компанијата оствари профит од околу 270 милиони јуани.
„Хенан Куангшан Крејн“, основана во 2002 година, произведува кранови и опрема за ракување со товар и работи во повеќе од 130 земји низ целиот свет. „Куи Пејџун“ држи речиси 99% од сопственичкиот удел во компанијата.
Tagged as:
КИНЕСКА КОМПАНИЈА ПОДЕЛИ БОНУСИ НА НЕВООБИЧАЕН НАЧИН
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
