Топ Вести - Слушај сега
Кина воведува царини за група млечни производи од Европската Унија, почнувајќи од денеска, објави кинеското Министерство за трговија.
Новите царински стапки за европските млечни производи се во опсег од 7,4 до 11,7 %, во зависност од компанијата и се далеку пониски од привремените давачки воведени во декември, кои се движеа од 21,9 до 42,7%.
Царините ќе се применуваат во текот на следните пет години за одредени видови свежо и преработено сирење, како и за млеко и павлака со поголема содржина на маснотии, кои главно се наменети за човечка потрошувачка.Кина воведува царини за група млечни производи од Европската Унија, почнувајќи од денеска
На листата за новите царински стапки се најдоа компании од Германија, Франција, Белгија, Холандија, Шпанија и Италија.
Од летото 2024 година, Министерството за трговија на Кина истражува млечни производи за наводни неправедни субвенции.
Истрагата ги потврди сомневањата, а портпаролот на Министерството за трговија истакна дека е спроведена во согласност со принципите на праведност, непристрасност и отвореност.
Министерството заклучи дека млечните производи од ЕУ биле субвенционирани, што, според нив, им наштетило на кинеските производители.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
