Background

Кина денеска ги повика САД да не ги користат другите земји како изговор за остварување на сопствените интереси

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Кина денеска ги повика САД да не ги користат другите земји како изговор за остварување на сопствените интереси, откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Соединетите Американски Држави треба да го поседуваат Гренланд за да спречат идна руска или кинеска окупација на островот.

- Advertisement -
Ad image

– Арктикот ги засега заедничките интереси на меѓународната заедница – изјави портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг. Таа додаде дека активностите на Кина во овој регион имаат за цел промовирање на мирот, стабилноста и одржливиот развој, повикувајќи на почитување на правата на сите држави за законски активности на Арктикот.

На денешната прес-конференција, Пекинг изрази и категорична поддршка за зачувување на суверенитетот и безбедноста на Куба, како одговор на заканите од страна на Трамп. Истовремено, кинеското МНР упати поддршка до иранскиот народ за надминување на тешкотиите, потенцирајќи дека меѓународното право мора да го штити суверенитетот на секоја земја од надворешни мешања.

Во однос на билатералната соработка со Канада, Пекинг очекува продлабочување на односите за време на претстојната посета на канадскиот премиер Марк Карни на Кина, закажана од 14 до 17 јануари. Ова ќе биде прва посета на канадски премиер на Кина по пауза од осум години.

– Здравиот и стабилен развој на кинеско-канадските односи служи на заедничките интереси на двете земји – истакна Мао Нинг.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation