Топ Вести - Слушај сега
Киев ја минал ноќта под звуците на експлозии. Русија нападнала со балистички ракети и беспилотни летала, додека земјата се соочува со температури под нулата и сè подлабока енергетска криза, јавува „Киев Индепендент“.
Околу два часот по полноќ, Воздухопловните сили на Украина предупредиле дека руски ракети се движат кон главниот град. Одекнале експлозии во неколку делови на Киев, а војската потврдила дека Русија испратила и бомбардери МиГ-31 вооружени со хиперсонични ракети Кинжал. Втор бран дронови бил забележан околу пет часот наутро, проследен со нови напади кон 6:30 часот.
Во источниот дел на Киев е прекинато снабдувањето со електрична енергија и вода, потврди градоначалникот Виталиј Кличко. Едно лице е повредено во округот Днепровски, а нестанбени објекти се оштетени. Војската пријави дека неколку возила биле запалени.
Подземната железница сообраќала со прекини поради „тешката енергетска ситуација“.
Експлозии биле регистрирани и во Днепровската и Харковската област. Во Запорожје, остатоци од беспилотно летало запалиле семејна куќа.
Гувернерот Иван Федоров изјави дека пожарот бил ставен под контрола, но нападите продолжуваат и обемот на штетата се уште се утврдува.
Претседателот на Украина Володимир Зеленски во видео обраќање предупреди дека Москва планира серија напади:
– Во наредните денови мора да останеме исклучително внимателни. Русија се подготви за удар – масовен удар – и чека момент да го изврши – рече Зеленски.
На 14 јануари тој прогласи вонредна состојба во енергетскиот сектор, откако руските удари ја уништија значителна инфраструктура.
Според градските власти, Киев ја доживува најтешката зима од почетокот на војната – илјадници граѓани останале без греење, топла вода и електрична енергија.
Киев Индепендент на 14 јануаи напиша дека ова е најтешката зима од почетокот на руската инвазија, со најголеми прекини во електричната мрежа и температури кои паднале под минус 20 степени“.
УкрЕнерго, државниот оператор на мрежата, во своето соопштение на 13 јануари потврдил дека повеќе од 60% од инфраструктурата на Киевска област е оштетена и дека градот е во „најкритична состојба од 2022 година“.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
