Background

Ќерката на Бајден тајно се разведува по 13 години брак!

Најмладата ќерка на поранешниот американски претседател Џозеф Бајден, Ешли Бајден, наводно поднела барање за развод од својот сопруг, Хауард Крејн, по 13 години брак, објави списанието „Пипл“.

Таа е во брак со оториноларинголог и пластичен хирург, 15 години постар од неа, со кого се омажила во 2012 година, а сега наводно одлучила да стави крај на нивниот заеднички живот.

- Advertisement -
Ad image

 

Таа поднела барање за развод во Филаделфија на 11 август, а истиот ден објавила фотографија на која шета во парк и покажува палец нагоре, алудирајќи дека сè е во ред. Подоцна ја избришала фотографијата, а со оваа објава на својата приказна на Инстаграм ја поставила песната „Слобода“ во изведба на Бијонсе.

На нејзиниот профил на Инстаграм можете да најдете и цитат што дополнително ги поттикнал приказните за развод: „Нов живот, нови почетоци значат нови граници. Нов начин на живот што нема да изгледа или звучи како порано“.

Таа не се огласила по повод овие наводи, а нејзиниот сè уште законски сопруг, Хауард, исто така молчи.

 

Нивната љубовна приказна започна во 2010 година, а се запознаа преку нејзиниот полубрат Бо Бајден. Свршувачката се случи во октомври 2011 година, а една година подоцна тие го кажаа судбоносното „да“ во католичката црква „Свети Јосиф“ во Гринвил, Делавер, со спојување на католичките традиции на невестата и еврејските на младоженецот. По церемонијата, околу 200 гости се собраа во семејната куќа на Бајден покрај езеро, каде што вечерата била сервирана во дворот.

Фото: EPA/MICHAEL REYNOLDS

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation