Најмалку 27 лица загинаа во вторникот во несреќа кога се урна покрив на ноќниот клуб „Џет сет“ во Санто Доминго, Доминиканската Република, а повредени се уште 134 луѓе се повредени. Меѓу жртвите е и гувернерот на провинција.
Зулинка Перез, која била на настапот на нејзиниот татко во дискотеката, изјавила дека сѐ се случило одеднаш. Таа вели дека успеала да излази од урнатините, но дека нејзиниот татко се уште е закопан.
– Мојот сопруг, кој е придружен вокал, скокна врз мене и ми рече: „Мамичке, излези, не смее да ни биде оставено бебето само ако се сруши сето ова“, а јас некако излегов, но тато… – вели потресената Зулинка.
Ќерката на познатиот пејач вели дека мисли дека во клубот во моментот на трагедијата имало меѓу 1.000 и 1.500 гости и дека спасувачките екипи брзо пристигнале на местото на настанот.
Директорот на Центарот за итни операции, Хуан Мануел Мендес, рече дека спасувачите ќе бараат неуморно се додека постои надеж дека некој преживеал.