Ќе успее ли Европа да си го задржи авторитетот во преговорите за Украина?

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, утре во Брисел ќе се сретне со специјалниот пратеник на САД за Украина и за Русија, Кит Келог, информира денеска заменикот главен портпарол на ЕК, Стефан де Керсмакер

Средбата првично беше предвидена за денеска, но таа е презакажана за утре, поради, како што нагласи Де Керсмакер, други ангажмани, додавајќи дека за вечерва е предвидено Келог да се сретне со еврокомесарот за одбрана и Вселената, Андриус Кубилиус.

Запрашан дали евентуално е договорена средба на Фон дер Лајен со претседателот на САД, Доналд Трамп, Де Керсмакер изјави дека засега нема нови елементи околу ова прашање.

–Знаете дека во тек се контакти на техничко ниво и на политичко нив од двете страни на Атлантикот и тие продолжуваат – додаде Де Керсмакер.

Инаку, попладнево Фон дер Лајен ќе учествува на неформалната средба во Париз на неколку европски лидери, посветена на Украина и на безбедноста на Европа, чијшто домаќин е претседателот на Франција, Емануел Макрон.

Следуваат важни разговори за безбедноста на Европската Унија и на Украина

На прашање што ќе биде темата на средбата во Париз, Де Керсмакер одговори дека тоа ќе бидат важни разговори за безбедноста на Европската Унија и на Украина, посочувајќи на пораките што Фон дер Лајен ги упати во обраќањето на 61. Минхенска безбедносна конференција.

– Таа се осврна на важноста на одбраната, давајќи неколку предлози за да обезбедиме зајакнување на нашата одбрана, па би ве поканил уште еднаш да ги погледнете овие важни пораки. Не сум во можност да предвидам што ќе се дискутира во Париз – изјави Де Керсмакер.

Запрашан како го коментира тоа што Фон дер Лајен одржува средба само со шестмина лидери на земји членки на ЕУ, а не со сите 27, Де Керсмакер истакна дека состанокот го организира претседателот Макрон.

– Овој состанок е за важни прашања за Украина и за безбедноста во Европа. Дефинитивно немаме намера да ги исклучиме другите и по ова ќе следат неколку други состаноци – рече Де Керсмакер.

- Advertisement -
Ad image

Според најавата на Елисејската палата, покрај Макрон и Фон дер Лајен на неформалната средба во Париз ќе присуствуваат и лидерите на Велика Британија, Германија, Данска, Италија, Полска, Холандија и Шпанија, како и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.

Украина и Европа треба да бидат вклучени во преговорите

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, синоќа изјави дека и Украина и Европа треба да бидат вклучени во преговорите за ставање крај на војната со Русија по стравувањата дека САД и Русија ќе водат само билатерални разговори.

– Доколку се започнат вистински преговори, а тие сѐ уште не се започнати, но кога ќе започнат, Украина ќе биде поканета бидејќи тие се оние кои беа нападнати – изјави Рубио за американската телевизија Си-Би-Ес.

- Advertisement -
Ad image

– И Европејците ќе бидат вклучени зашто воведоа санкции кон Путин и кон Русија и тие се вклучени во сето ова – рече Рубио, предупредувајќи дека преговори сѐ уште нема.

Државниот секретар на САД во моментов е во Ерусалим, каде што одржа прес-конференција со премиерот Бенјамин Нетанјаху. Оттаму, Рубио патува во Саудиска Арабија за да се сретне со руските претставници, заедно со американскиот специјален пратеник, Стив Виткоф, и со советникот за национална безбедност, Мајк Волц.

Рубио во интервјуто не кажа кој ќе биде во руската делегација и кога точно ќе започне средбата.

На преговорите во Саудиска Арабија нема да присуствуваат ниту украински ниту европски претставници.

Share This Article