„Ќе слушнете на што сè бил спремен газдата Јовановски само заради профит“

Lorita
By Lorita
12 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Катастрофата во Кочани не настана од дејствие или пропусти на една човечка рака, не настана само како последица на активацијата на пиротехниката таа кобна ноќ на 16 март 2025 година од навидум обичен сценски ефект, пожарот е само завршниот и фатален чин на ова институционално невидливо, а реално, многу присутно и
одгаено зло кое исплива на виделина таа вечер, рече обвинителот Борче Јанев од ОЈО Кочани во воедниот збор на судењето за поарот во дискотеката Пулс во кој загинаа 63 млади луѓе.

– Во Кочани со клубот изоре и илузијата дека одговорните во системот се тука кога треба да заштитат. Изгоре и вербата дека оној што бил повикан, постапил навреме за да спречи. За жал, изгоре и иднината на невини луѓе кои сакале само радост и забава таа фатална вечер, не само поради огнениот вител, туку и поради вителот на долготрајна институционална неодговорност – рече Јанев.

Ако премолчиме и ја изгубиме вистината, ако не се соочиме со целосната димензија на оваа ненадоместливата
загуба и оваа невидена трагедија, никогаш нема да имаме сила како општество да тргнеме на патот кон заздравување, додаде обвинителот.

– Кој дозволи работа на објектот, иако никогаш немал намена за вршење угостителска дејност? Кој дозволи влез, без да обезбеди излези? Кој знаеше и имаше должност да проценува ризици, а дозволи и пресмета профит? Кој одбра и потпиша молк, наместо санкција и затворање? Кој не ја согледа смртоносната опасност и услови за престој во овој клуб? Во овој настан нема никаков судир на непознати и непредвидени околности. Овој настан не е несреќа или случајна игра на судбината. Се работи за цел сплет и низа на надоврзани пропусти, синџир од замижувања, овозможен незаконски пат без институционални бариери, траса без предупредувања, калкулиран ризик кој некој го прифатил, но го платија оние што немаа избор – рече обвинителот Јанев.

Обвинителот потенцира дека доказите кои ќе бидат изведени ќе покажат дека злоделото во овој настан не може да биде само казнивото дејствие на активација на пиротехниката и искрите кои достигнаа до плафонот и предизвикаа пожар. туку е злодело и самото постоење на овој објект толку години.

– Клубот Пулс отсекогаш бил безбедносна смртонсна стапица, буре барут, затоа искрите без никаква пречка имаа каде да потфатат и да зацрнат и уништат толку човекови судбини. Никулците на ова невидена катастрофа биле одамна изникнати. Доказите ќе покажат дека опасноста која демнела со години никој од овие обвинети не сакал да ја согледа и види. Меѓутоа, тие требале, морале и биле должни да ја видат и спречат – рече Јанев.

Тој додаде дека првообвинетиот, сопственикот на дискотеката, Дејан Јованов бил без какви било институционални стеги и контроли за почитување на безбедносните правила и прописи, опасноста никогаш не
го интересирала, а.доказите ќе го потврдат тоа.

– Димензијата на преземени дејствија и обемот на пропусти што постоеле кај овој човек се шокантни и запрепастувачки. Ќе можете да слушнете и да видите на што сè бил спремен овој човек само заради профит и материјална благодет. Но, овој човек самиот не успеа да го преврти системот наопаку. Всушност, ни покажа каков систем навистина сме имале – рече Јанев.

Обвинителот истакна дека лицата кои биле одговорни за превенција и за безбедносна заштита потфрлие, а суштината на самото постоење на инспекциите е во должноста на одговорните лица во нив, превентивно да
делуваат.
Рече дека првообвинетиот Јованов како низ слалом ги заобиколувал и ги отстранувал сите институционални препреки, бариери и безбедносни правила.

- Advertisement -
Ad image

– Во овој настан согледан во сиот обем уште во почетоците на неговото истражување, беше повеќе од јасно дека
должноста молчела поради што последицата станала само прашање на време. Во овој контекст, преку нормативна анализа се утврди дека во делот на должноста за постапување по однос на безбедносните правила и прописи секој од свој аспект на делување, директно биле повикани: локалната самоуправа односно Општина Кочани, Дирекцијата за заштита и спасување, Министерството за внатрешни работи, Државниот и пазарен инспекторат, Министерството за економија. Изведените докази ќе покажат дека кај службените лица
во институциите опфатени со обвинението постоел јасен образец на игнорирање на безбедносните опасности и појави кои постоеле до самиот критичен момент кога настапила последицата – рече обвинителот.

Коруптивната природа на последната обезбедена лиценца беше доволна побуда и патоказ дека хронолошкиот тек заслужува да биде испитан во неговиот полн обем, независно до каде и да се протега, посочи обвинителот. Сите лиценци се манливи, додаде, а лиценцата по својата
функција и цел би требало да биде круна на темелна безбедносна проверка, но, доказите покажуваат дека никоја од нив, гледано засебно, не смеела да биде издадена.

– Во текот на постапката ќе докажеме дека ниту формалните ниту суштинските елементи не биле исполнети за да бидат издадени лиценци за вршење угостителска дејност-кабаре. Гледајќи ги улогите и пропустите на останатите службени лица од другите државни органи кои партиципираат по законот за угостителска дејност, обезбедените докази јасно говорат дека станува збор за мимикрија на постапување или ако сакате административен декор без суштински безбедносни контроли и проверки кои обвинетите биле должни да ги преземаат. Така
доказите не доведоа до 2012 година – рече обвинителот Јанев.

- Advertisement -
Ad image

Во таа година обвинетиот Дејан Јованов добил идеја објектот во сопственост на обвинетиот Гроздан Милковски, кој служел како магацин за текстил, со намена за лесна индустрија, да го претвори во дискотека. За таа цел, рече, обвинетиот Јованов ја ангажирал обвинетата Милка Едровска која постапувала строго по неговите барања и изготвила основен проект и елаборати, спротивно на нејзините должности и овластувања предвидени со законот за градење, со неисполнети ниту формални, ниту содржински услови и креирала лажна претстава дека објектот може да се пренамени во дискотека и да исполнува безбедносни стандарди и заштита. Обвинетата Блашка Ефтимова како инспектор, изготвола записник за извршен инспекциски надзорво кој навела дека објектот ги исполнува минимално-техничките услови, иако знаела дека ништо не е точно, додаде обвинителот. Истиот ден, на 13.12.2012 година, обвинетиот Ваљон Сараќини како Министер за економија, без записникот да биде примен во министерството, ја потпишал првата лиценца за вршење на угостителска дејност-кабаре, објасни обвинителот.

– Дискотеката почнува да работи, се рекламира и почнала да се преполнува со недозволен број на гости и малолетници од самиот почеток. Во Општина Кочани настапува целосен молк, ниту градоначалникот, ниту градежниот инспектор не реагирале и не презеле дејствија на инспекциски надзор иако еклатантно било прекршено деталното урбанистичко планирање на Општина Кочани. Не презеле дејствија на проверка и надзор, што всушност Дејан Јованов од градежен аспект вградил и изменил во објектот и никогаш повеќе не се обратиле до Пазарниот инспекторат и Министерството за економија – рече обвинителот.

И Дирекцијата за заштита и спасување никогаш не го проверила објектот, додаде обвинителот.

– Доказите покажуваат дека одговорноста во превентивното делување сите обвинети од
наведените институции си ја префрлале како жар во рацете што никој не сака да го задржи и да делува. Низ доказите ќе сретнете парадоксални и небулозни ситуации, кои никако не наоѓаат оправдание за тоа што не го презеле сите инспекциски служби, кои биле директно повикани да ја штитат и гарантираат безбедноста во работењето на клубот „Пулс“. Сите чекале граѓаните да им кажат и да пријават незаконитости и неправилности за тие да постапат – рече Јанев.

Претходникот го учел следбеникот на молчење, а следбеникот го прифатил непостапувањето како правило, додаде обвинителот.

– Каузалниот тек на настанот е непрекинат, до настапување на последицата. Заедништвото во соизвршителските дејствија не мора да настапат истовремено и договорно, не мора ниту меѓусебе сторителите да се познаваат. Станува збор за сукцесивно надоврзувани пропусти преку кои се огледа супстратот на заедништвото. Битен е обемот на пропустите и дали истиот има релевантен контекст и континуитет во непостапувањето. Затоа ова обвинение не може да се нарече гломазно, големо и слично. Ова обвинение е одраз на она што навистина се
случувало. Ќе докажеме дека се апсолутно безмислени тезите дека овде на одгорност треба да биде повикан само оној во чие време се случила последицата – рече обвинителот.

Вака создадениот преплет од кривичноправни дејствија, директно се согледува во самата настапената последица на 16 март 2025 година, додаде обвинителот.

Посочи дека во објектот не постоел функционален и адекватен против прожарен систем, немало противпрожарни сектори, хидрантна мрежа, прскалки, детектори, ниту аларм за предупредување.

– Затворени прозорци и преградени со лим, вградени опасни лесно запаливи материјали, исклучително токсични по животите и здравјето на посетителите во случај на согорување. А сето ова во услови на еден единствен излез за евакуација во случај на опасност во дискотеката, во која се собирале и биле присутни и до 1.000 луѓе. Во такви услови Дејан Јованов и Михајло Јованов го договориле настапот на музичката група „ДНК“, кои разговори
ги воделе двајцата со пејачот на групата, сега починатиот Владимир Блажев. Таа критична вечер употребата на опасни материи не била случајна, туку дел од претходно договорени небезбедни сценски перформанси. Лицата за обебедување овозможиле неконтролиран влез на гости, кој во критичната вечер достигнал и над 600 гости. Веднаш по пристигнувањето и сместувањето на членовите на групата ДНК, сега покојниот Мартин Атанасовски ги внел пиротехничките материи и поставил три уреди, пиротехнички фонтани на сцената. Во моментот
кога се изведувала песната „Што сака нека биде“, Мартин Атанасовски со далечински управувач
истовремено ги активирал пиротехничките фонтани. Искрите кои биле исфрлени во правец на плафонот над сцената довеле до прогресивно опожарување на сцената. Молскавично брзо пожарот го зафатил целиот плафон, топлината станувала неподнослива, мирисите од запаливите материи и чадот од огнот кој прогресивно се ширел, предизвикале општа паника. Единствениот излез поради самата негова конфигурација и небезбедни стандарди на вратите и позицијата во која биле, станале пречка за напуштање на објектот – рече обвинителот во воведниот збор.

Судењето ќе продолжи на 25 ноември.

Share This Article