Background

Ќе се воведува дуален концепт и во високото образование

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Ќе се воведува дуален концепт и во високото образование, најави денеска министерката за образование и наука, Весна Јаневска. Со новиот закон, како што објасни, првпат се предвидени втор и трет циклус стручни студии, како и кратки студии за специјализација во одредени професии.

- Advertisement -
Ad image

Со академското дуално образование, рече Јаневска, ќе бидат опфатени главно техничките струки.

Според министерката, овој принцип на школување се воведува и на факултетите не само зашто тоа го бараат некои од нив и бизнис заедницата, туку и затоа што дуалното образование, како модел, дало одличен резултат во средните стручни училишта.

Првиот циклус стручни студии трае три години и носи 180 кредити.

– Поучени од одличните резултати што ги даваат дуалното образование и учењето преку работа, но и на барање на одредени факултети, се одлучивме на ова што постои во ЕУ, а кај нас го немало. Очекуваме одлични резултати -рече Јаневска по настанот „Револуција во образованието: моќта на дуалното образование во Македонија“ што го организираше Стопанската комора.

Досега, додаде, можност да учат во реална работна средина и теоретските знаења да ги дополнуваат со трајни вештини, имаа само средношколците.

– Следниот чекор е продолжување на дуалниот концепт и во високото образование. Факт е дека дуалното стручно образование е наш успешен образовен модел што го градиме последниве неколку години и дава одлични резултати. Тие се мерат со сé поголемиот број ученици кои го бираат, како и со постојаниот раст на компаниите кои се вклучуваат, што е разбирливо, зашто е најдобар начин да добијат млад кадар што сами го обучиле – рече Јаневска.

Таа информира дека и во новиот конкурс за упис во средно образование, за учебната 2026/2027, фокусот ќе биде на дуалното образование, а постојните и новите профили ќе бидат димензионирани во договор со локалните самоуправи и компаниите.

Таа очекува истиот успех да се постигне и во високото образование, со стручните студии.

– Академската заедница е подготвена да воведе студиски програми кои ќе бидат продолжение на средното дуално образование, како и интердисциплинарни студии со странски универзитети, студентска размена и заеднички проекти. Со новиот Закон за високо образование ова и системски се уредува. Зад сé ова што го говорам, стои одлучноста на Владата и мојата лична решеност да им помогнеме на младите да добијат квалитетно образование и да заврши времето кога нив ги гледавме само како потенцијал што не успевавме овде, во земјата, да го искористиме. Учење низ пракса, можности доколку сакаат после средното образование да работат, проодност кон високото образование за оние што сакаат да продолжат да се надградуваат, сето ова е градено според најдобрите европски практики и верувам дека младите ќе бидат успешни и задоволни овде, во својата држава, каде нивната енергија, креативност и труд се потребни и вредни – рече Јаневска.

Пред неа се обрати и претседателот на Комората, Бранко Азески, напоменувајќи дека дуалниот концепт е симбиоза меѓу бизнисот, неговите потреби за кадар и образованието.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation