Ќе се прави дистинкција на станови за живеење и станови како инвестиција

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Високите цени на наедвижностите, особено на становите, во земјава се повод за загриженост на Народната банка. Гувернерот Трајко Славески рече дека веќе се подготвува сеопфатна анализа за причините за ваквата состојба и најави мерки, кои ќе вклучат и повеќе државни институции.

Тој смета дека за стабилизирање на цените на недвижностите е потребен за да не дојде до сериозни социјални и економски проблеми.

– Според мерењата направени досега цените на недвижностите се високи. Тоа е веќе причина за загриженост. Нардона бнака во консултација со другите институции ќе треба да го реши овој проблем. Би сакале да ги насочиме нашите активности кон јасна  дистинкција на она што значи кредитирање на граѓаните за решавање на станбено прашање, посебно на младите, од кредитирањето како инвестиција или во некој случај шпекулација во очекување на повисоки цени на становите. Затоа што сме свесни дека станот или куќата во кои живееме може да стане место за шпекулација бидејќи состојбата каква што е може да предизвика социјални и економски проблеми – рече Славески.

Цените на недвижностите, според податоците на Народна банка, во вториот квартал пораснаа за 22,3 % во споредба со истиот квартал лани. Претходниот квартал цените пораснаа за 22,6% во однос на истиот квартал лани.

Славески рече дека очекува да се стабилизира инфлацијата, а ако не се случи тоа Народна банка ќе преземе мерки.

Во однос на порастот на цените, рече дека, е од сезонски карактер и се однесува главно на овошјето и зеленчукот.

Share This Article