Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека „можеби ќе биде потребно да се позанимаваме со судиите“ кои, како што рече, ги блокираат напорите за намалување на трошоците на владините агенции.
За време на заедничкото обраќање од Овалната соба во Белата куќа, Трамп и шефот на Одделот за владина ефикасност (DOGE) Илон Маск рекоа дека има „голем отпор“ во владата.
Маск нагласи дека е важно претставниците избрани од јавноста да одредуваат што ќе се случува, а не голема „неизбрана“ бирократија.
-Потребен е основен надзор од Министерството за финансии – рече Маск, ден откако окружниот судија го блокираше DOGE да пристапи до платните системи на Министерството за финансии на САД.
Маск тврди дека членовите на федералната бирократија „натрупале богатство на сметка на даночните обврзници“.
Трамп истакна дека нема да дозволи Маск, сопственикот на Тесла и најбогатиот човек на светот, да застане на чело на DOGE доколку има конфликт на интереси.
Маск додаде дека сите потези на неговиот оддел се „транспарентни“.
Трамп изјави дека постои можност да се најдат „близу трилион долари трошоци“.
Тој рече дека „не знае“ дали мерките за штедење предложени од ДОГЕ ќе треба да бидат усвоени од Конгресот, но дека Конгресот сигурно ќе гласа за нивно воведување доколку се.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
