Background

Ќе се поттикнува развој на инфраструктура и енергетска ефикасност

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Европската комисија денеска најави пакет-поддршка од 171 милион евра за поттикнување на развојот на инфраструктурата и растот на приватниот сектор во земјите од Западен Балкан, меѓу кои и за подобрување на системот за пренос на електрична енергија и за изградба на енергетски ефикасни образовни објекти во земјата.

- Advertisement -
Ad image

Новиот пакет за поддршка, како што соопшти ЕК, вклучува инвестиции од разни извори од ЕУ за финансирање проекти во Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, насочени кон зајакнување на одржливиот раст и на регионалната поврзаност на Западен Балкан.

Од вкупната сума на средства, 91,8 милион евра се наменети за инфраструктурни проекти во четирите земји, кои се очекува да мобилизираат вкупно 263 милиони евра инвестиции во седум проекти во дигиталната сфера, чистата енергија, човечкиот капитал, транспортот и животна средина.

Клучните проекти од овој пакет вклучуваат подобрување на македонскиот систем за пренос на електрична енергија, изградба и енергетски ефикасно реновирање на образовни објекти во Северна Македонија и Црна Гора, електрификација на железничката линија Драч – Тирана и имплементација на широкопојасна инфраструктура во Албанија и реализација на проект за третман на вода за пиење и отпадни води во Босна и Херцеговина.

Покрај тоа, 2,9 милиона евра се доделени и за четири проекти за техничка помош во Албанија и Босна и Херцеговина насочени кон поддршка на идните инвестиции во секторите енергетика, вода, иновации и истражување.

– Овие проекти ќе ги спроведуваат партнерите од Западен Балкан заедно со меѓународни финансиски институции – наведе ЕК.

Дополнително, 76,3 милиони евра ќе бидат наменети за поддршка на приватниот сектор во регионот, првенствено за реализација на неколку програми за помош на малите и средните претпријатија од Западен Балкан, како и за зајакнување на капацитетите во јавно-приватното партнерство во Босна и Херцеговина.

Како што најави Европската комисија, имплементација на проектите ќе може да почне кога тие ќе бидат одобрени од страна на оперативниот одбор на инвестициската рамка за Западен Балкан.

„Ова вклучува финализирање на потребните договори со партнерските институции и корисници, почнување подготвителни студии за активности за техничка помош и завршување на процедурите потребни за да се овозможи имплементација на проекти од приватниот сектор. Кога ќе се завршат овие процеси, може да почне имплементацијата на поддржаните инвестиции“, се наведува во соопштението.

Според еврокомесарката за проширување Марта Кос, инвестирањето на ЕУ во партнерите од Западен Балкан е клучно за нивно приближување кон Унијата.

– Повеќе од две години од усвојувањето на планот за раст за Западен Балкан, работиме, вклучително и преку инвестициската рамка за Западен Балкан, на претворање на обврските во дела. Од унапредување на инфраструктурата до подобрување на развојот на бизнисот, овие инвестиции создаваат реални можности за граѓаните и ја прават ЕУ реалност што се живее во целиот регион – заклучи Кос по повод најавата на новиот пакет за поддршка.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation