Министерот за одбрана на Израел, Израел Кац, се закани дека Израел ќе анектира области на Појасот Газа доколку Хамас одбие да ги ослободи заложниците што сè уште ги држи, објави Баронс.
Кац ѝ дал инструкции на ИДФ да заземе дополнителни области на Појасот Газа додека издава наредби за евакуација на палестинските цивили во тие области.
– Ако терористичката организација Хамас продолжи да одбива да ги ослободи заложниците, јас ѝ наложив на ИДФ да заземе дополнителни области, да го евакуира населението и да ја прошири безбедносната зона околу Газа за заштита на израелските заедници и на војниците на ИДФ, преку трајно задржување на областа од страна на Израел. Додека Хамас продолжува да одбива, ќе губи сѐ повеќе и повеќе земја која ќе му биде додадена на Израел – се вели во изјавата на Кац.
Тој информира дека Израел ќе го зголеми интензитетот на својата воена кампања против Хамас, вклучително и „преку проширување на копнениот маневар додека заложниците не бидат ослободени и Хамас не биде поразен“.
Кац додава дека Израел ќе го употреби „сиот воен и цивилен притисок, вклучително и евакуација на населението во Газа на југ и спроведување на планот за доброволна миграција на претседателот Трамп за жителите на Газа“.
Tagged as:
Кац упати остра закана кон Хамас
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
