Капитенот на Интер Мајами, Лионел Меси, го посвети својот гол во МЛС мечот против Филаделфија Унион, на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.
Меси влезе на теренот во 55. минута и постигна гол две минути подоцна.
Аргентинецот на 28 март беше присутен на полуфиналниот натпревар меѓу Србинот Новак Ѓоковиќ и Бугаринот Григор Димитров (6:2, 6:3) на АТП турнирот во Мајами.
Подоцна Ѓоковиќ му се заблагодари на Меси за неговото и присуството на неговото семејство.