Кандидатот за градоначалник на општина Пробиштип, Тони Тоневски од ВМРО-ДПМНЕ, најави изградба на нов регионален пат кој ќе ја поврзува општината со ски-центарот Пониква, сместен на Осоговските Планини

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Кандидатот за градоначалник на општина Пробиштип, Тони Тоневски од ВМРО-ДПМНЕ, најави изградба на нов регионален пат кој ќе ја поврзува општината со ски-центарот Пониква, сместен на Осоговските Планини.

– Еден од моите приоритети е изградбата на регионален пат Пробиштип – ски-центар Пониква. Овој пат ќе значи директна врска со еден од најубавите планински центри на Осогово – изјави Тоневски во разговор за медиумите.

Според него, новиот пат ќе поттикне развој на туризмот, ќе отвори нови работни места и ќе ги поддржи локалните бизниси.

– Ќе изградиме детско одморалиште за настава во природа и организирање на летни и зимски кампови за нашите ученици – додаде тој.

Ски-центарот Пониква, сместен на 1.580 метри надморска височина, се наоѓа 20 километри северно од Кочани. Центарот располага со три ски-лифта и нуди терени за спорт и рекреација, викенд-куќи, хотели, одморалишта и угостителски објекти. Пониква е позната по својата природна убавина, еколошки чист амбиент и поволна клима, што ја прави атрактивна дестинација за зимски и летни активности.

Тоневски истакна дека изградбата на патот ќе ја отвори вратата кон нов економски и туристички циклус за целиот регион.

– Пробиштип се сака со проекти и дела. Гласај За тебе. За твоето место. За твојата иднина – им порача Тоневски на граѓаните на Пробиштип.

Share This Article