Калас во наредните 5 години очекува вистински напредок во проширувањето на ЕУ

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Западниот Балкан е дел од европското семејство и затоа нашата безбедност е неодвоива и нашата соработка е од суштинско значење, порача високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Каја Калас.

Таа вчера во Рим учествуваше на средбата на министрите за надворешни работи на земјите од Западен Балкан и на членките на групата „Пријатели на Западниот Балкан“.

„Во Рим ја подвлеков оваа заедничка безбедносна перспектива. И нашата надеж за вистински напредок во проширувањето на ЕУ во следните пет години, врз основа на напредокот во реформите“, наведе Калас во објава на Икс.
Еврокомесарката за проширување Марта Кос, која учествуваше на средбата, порача дека повеќе од кога било Западен Балкан треба да се приближи до ЕУ.

„Силен фокус на заедничките безбедносни предизвици и забрзување на постепената интеграција, врз основа на спроведувањето на реформите од земјите кандидати“, напиша Кос на Икс.

Групата „Пријатели на Западен Балкан“ ја сочинуваат Австрија, Грција, Италија, Словачка, Словенија, Хрватска и Чешка.

На средбата во Рим учествуваше и заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија Зоран Димитровски.
„Имав прилика со домаќинот Антонио Тајани, МНР на Италија, Каја Калас, висок претставник за надворешни работи и безбедносна политика на ЕУ и комесарот за проширување на ЕУ, Марта Кос да зборувам за откочување на процесот на интеграција на Македонија во ЕУ и за помошта што групата земји пријатели се подготвени да ја понудат.
Нагласив дека Македонија е подготвена да ги исполни Копенхагенските критериуми, но
од исклучителна важност е билатералните прашања од историски и идентитетски карактер да не бидат услов за полноправно членство во ЕУ“, објави Димитровски на Фејсбук.

Share This Article