Следува период на променливо облачно време со услови за појава на утринска магла по котлините. Локални врнежи од дожд ќе има од четврток, а поради продор на постудена воздушна маса од север, во недела на планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег, соопшти УХМР.
Во среда се очекува променливо облачно време со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветар од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5 степени Целзиусови, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени Целзиусови.
Во Скопје ќе биде променливо облачно, претпладне ќе има појава на магла во делови од котлината. Ќе дува слаб до умерен ветар од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 11 степени.