Како резултат на ноќен напад со руски дронови, во Запорожје избувнале пожари и биле оштетени нестанбени објекти, пренесе денеска агенцијата Укринформ.
Гувернерот на Запорожје, Иван Федоров, објави на Телеграм:
„Русите извршија најмалку 6 напади со беспилотни летала врз регионалниот центар. Оштетени се објекти на една индустриска постројка и дел од гаражен комплекс“, напиша тој.
Според Федоров, нападот предизвикал пожари.
За среќа, додаде тој, нема повредени лица.
Како што претходно објави Укринформ, противвоздушната одбрана била активна во текот на нападот со дронови врз Запорожје.