Како нефролозите во Македонија одат во чекор со напредната медицина веќе 50 години?

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

„Со големо задоволство, гордост и искрена благодарност, го најавувам одбележувањето на 2 важни настани за нашата држава. Првиот е јубилејот 50 години од основањето на Клиниката за нефрологија, тоа значи половина век посветеност, напредок и грижа за пациентите. Овој значаен настан го славиме заедно со Светскиот ден на бубрегот – симбол на нашата континуирана заложба за унапредување на здравјето на нашите пациенти“.

Ова го изјави директорот на ЈЗУ Универзитетска клиника за нефрологија, д-р Никола Ѓорѓиевски, по повод одбележување на Светскиот ден на бубрегот и 50-годишнината од основаањето на клиниката.

– Во овие 5 децении се минуваше низ бројни предизвици, но се успеваше да се изгради институција која е синоним за стручност, иновација и за хуманост. Тешко е да не се навратиме на нашите истакнати професори кои оставија трајни белези во развојот на нефрологијата во Македонија, како проф. Хрисохо, проф. Масин, проф. Поленаковиќ, проф. Шиколе и многу други, кои со своето знаење и мудрост ни ја пренесуваа темелната стручност што ја има денешната клиника – веки Ѓорѓиевски.

Овој јубилеј е потсетник дека успесите доаѓаат со заедничка работа, додава Ѓоѓриески, с

– Кога зборуваме за развојот на Нефрологијата во Македонија несомнено морам да го издвојам првото Хемодијализно лекување, направено во далечната 1959 година, кај пациент со акутно бубрежно оштетување, а потоа во 1971 година е воспоставено хемодијализното лекување како хроничен третман кај пациентот во треминален стадиум или последен стадиум на хронично бубрежно оштетување. Исто така, не смееме да го заборавиме почетокот на креирањето на васкуларни пристапи кои започнува во 1980-те – потенцира директорот на ЈЗУ Универзитетска клиника за нефрологија.

Кога зборуваме за бубрежните заболувања, забележува тој, неизбежно е да го истакнеме периодот на првата трансплантација на бубрег во Македонија која беше изведена во 1977 година, само 20 години подоцна од првата трансплантација во светот, која се случила во 1954 година во САД. Оттогаш, па до ден денешен, додава Ѓорѓиевски, се изведени преку петстотини трансплантации како од жив донор, така и од починато лице (кадавер).

– Oдбележувањето на денот на бубрегот претстува одговорност пред нашите пациенти како потсетник дека ние лекарите постоиме за пациентите и дека сите ние еден ден ќе бидеме пациенти. Основната цел е подигнување на свесноста за бубрежното здравје, па затоа секоја година на најразличен и иновативен начин го формираат мотото за здравјето на бубрезите. Оваа година како што може да видите и од самото лого, мотото е „Рана детекција – бубрежна протекција“ – посочува Ѓорѓиевски.

Од минатата година, вели тој, на клиниката се започна со третман на пациенти со нови иновативни лекови со цел да се забави прогресијата на хроничното бубрежно заболување и да се одложи почетокот со хемодијализно лекување. Исто така, додава Ѓорѓиевски, во изминатиот период за првпат во државата се организира скрининг за пациентите со ретки болести, бидејќи раното поставување на дијагнозата е придобивка за сите.

– Веруваме дека со здрава нација ќе имаме здрава држава, а тоа значи стабилност, напредок и просперитет за сите граѓани. Во иднина, нашата цел е јасна – обезбедување квалитетна, навремена и современа здравствена заштита. Со почит кон минатото, со одговорност во сегашноста и со амбиција за иднината, продолжуваме да ја градиме оваа институција – не само како место на професионален раст, туку и како заедница што остава траен белег – заклучува Ѓорѓиевски.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article