Славниот музичар Лени Кравиц (61) е познат по својот младешки изглед, но и по фактот дека е многу внимателен во врска со тоа што јаде. Поголемиот дел од времето, тој самиот ја одгледува целата храна и на неговото дневно мени претежно се присутни билките, но, Кравиц исто така, многу тренира.
Сега објави фотографија од себе без маица и обожавателите останаа без здив, опсипувајќи го со восхитувачки коментари.
Никој не може да поверува дека музичарот влегол во седмата деценија од животот, а има толку извајани стомачни мускули.
„Како овој човек има 61 година“, „Не можам да кажам ништо пристојно сега“, „Изгледаш одлично“, „Сите зумираме на оваа фотографија додека не се онесвестиме“, „Би сакал да те запознаам“, беа некои од коментарите.
И навистина, музичарот воодушевува со својот изглед како што минуваат годините, па се чини како да старее наназад.
„Тоа е комбинација од гени, грижа за себе, напорна работа и дисциплина“, рече тој еднаш.