Background

Јужна Кореја започна да ги отстранува пропагандните звучници долж границата со Северна Кореја во обид да ги намали тензиите

Јужна Кореја започна да ги отстранува пропагандните звучници долж границата со Северна Кореја во обид да ги намали тензиите, соопшти јужнокорејската војска, објави Јуроњуз.

Министерството за одбрана на Јужна Кореја појасни дека станува збор за „практична мерка со цел намалување на тензиите“, но нагласи дека тоа нема да влијае на борбената подготвеност на армијата.

Министерството не даде детали за процесот на отстранување, ниту појасни дали звучниците би можеле повторно да бидат поставени ако тензиите се засилат.

- Advertisement -
Ad image

Портпаролот на министерството, Ли Кјунг-хо, изјави дека пред демонтажата на звучниците не постоела никаква комуникација меѓу двете земји.

К-поп и пропаганда против Северна Кореја

Преку звучниците претходно се емитуваше пропаганда против Северна Кореја и популарна јужнокорејска музика (K-pop), што особено ја иритираше владата на Ким Џонг Ун, која води кампања за искоренување на влијанието од јужнокорејската поп-култура и јазик.

По изборната победа во јуни, новата либерална влада на Југот одлучи да ги исклучи звучниците, како гест за обновување на дијалогот и изградба на доверба со Пјонгјанг.

Претходната конзервативна влада ги вклучи звучниците во јуни 2024 година и почна секојдневно да емитува програми, како одмазда за тоа што Северна Кореја пушташе балони наполнети со отпад кон соседот.

Психолошка војна како во Студената војна

Овие кампањи на психолошка војна, слични на оние од Студената војна, дополнително ги зголемија веќе присутните тензии поради напредокот на севернокорејската нуклеарна програма и поради засилените заеднички воени вежби на Јужна Кореја и САД, како и нивната трилатерална соработка со Јапонија.

Јужнокорејскиот претседател Ли Џе Мјунг го замени сменетиот конзервативец Јун Сук Јол, откако победи на предвремените избори во јуни. Тој вети подобрување на односите со Пјонгјанг, кој жестоко реагираше на тврдите политики на Јун и одбиваше каков било дијалог.

Северна Кореја сѐ уште нема дадено коментар за одлуката на Јужна Кореја да ги отстрани звучниците.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation