Background

Јосип Пејаковиќ, еден од најпознатите босански актери, почина во Сараево

Јосип Пејаковиќ, еден од најпознатите босански актери, почина во Сараево.

Веста за неговата смрт ја соопшти неговиот син Дејан.

Во последните десет години од својот живот, тој водеше тешка и упорна борба со бројни здравствени проблеми. Помина низ дури 17 операции, вклучувајќи и неколкучасовни комплицирани хируршки процедури. Уште во 2019 година, тој изјави дека лекарите практично го отпишале, но успеал да се опорави и да се врати во живот.

- Advertisement -
Ad image

Роден е во Травник во 1948 година, каде што посетувал основно и средно образование.

Неговиот богат опус вклучува повеќе од 50 премиерни улоги во Народниот театар во Сараево, како и бројни улоги во филмови како што се „Људски фактор“ и „Куќа пред пута“, и десетици монодрами. Особено се истакна во претстави како што се: „За кого бијат камбаните“, „Хамлет во селото Мрдуша Доња“, „Големиот везир“, „Хасанагиница“, „Браќата Карамазови“, „Пистиковите ѓаволи“, „Крал Лир“, „Диво месо“ и многу други.

Тој глумеше во претставвата „Диво месо“  од Гран Стефановски и на одбележувањето на 70 години на Драмскиот театар во 2016 година како дел од екипата на Народниот театар од Сараево.

Напишал и неколку монодрами и филмски сценарија, од кои најважни се: „О, животе“, „Тој нема Босна за мене“, „Човечки фактор“, „Куќа покрај патот“.Во мај 2022 година ја објавил книгата „Севдалинка“.

Од 2001 до 2003 година бил директор на Драма во Народниот театар во Сараево.

 

Добитник е на Шестиаприлската награда на градот Сараево, Наградата за животно дело на ЗАВНОБиХ, како и на Наградата на Здружението на драмски уметници на БиХ.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation