Background

Јошевска Анастасовска од Судскиот совет му одговори на министерот Филков

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Сузана Јошевска Анастасовска, член на Судскиот совет, му одговори на министерот за правда Игор Филков, кој денеска побара одговорност од обвинителот и од судијата за изречениот куќен притвор на поранешниот вицепремиер Артан Груби.

- Advertisement -
Ad image

„Судија не смее да изрече мерка притвор ако има предлог од обвинител за куќен притвор. Нема потреба од итна седница на Судски совет, за да се расправа основно правило во кривична постапка“, напиша Јошевска Анастасовска на Фејсбук.

Претходно Филков повика на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители итно да свикаат седници за овој случај.

„Одговорноста за одлуката за куќен притвор мора да биде лоцирана со име и презиме. Јавно ги повикувам Судскиот совет и Советот на јавните обвинители итно да свикаат седници, да го разгледаат овој случај и да утврдат дали постои основ за одговорност кај судијата и кај јавниот обвинител. Институционалната контрола мора да функционира. Ги повикувам сите актери во постапката да дадат објаснување: Јавниот обвинител Даниел Коцев да објасни врз основа на кои конкретни факти и правни аргументи е дадено позитивно мислење за замена на притворот. Раководителот на обвинителството, Анел Фидоски, дали стои зад оваа одлука и дали смета дека ова е порака за еднаква примена на законот? Судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, Марин Станевски, кои околности го надминале ризикот од бегство кај лице кое веќе 14 месеци беше недостапно“, објави Филков и додаде дека ќе побара да се изврши вонреден надзор во „Затвор Скопје“, како и во останатите затвори низ Македонија, во однос на безбедносната состојба.

Обвинителството соопшти дека предложиле куќен притвор за Артан Груби затоа што МВР и АНБ процениле дека тој нема да е ебезбеден во притворот во Истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари.

Поранешниот вицепремиер Артан Груби од ДУИ вчера беше уапсен на граничниот премин Блаце, по 14 месеци бегство. Тој е осомничен за проневера од 8 милиони евра во Државна лотарија.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation