Јавно обвинителство: Ниту еден јавен обвинител не се повлекол од истрагата за пожарот во Кочани поради наводни притисоци и несогласување со правната квалификација на кривичните дела за осомничените

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Ниту еден јавен обвинител не се повлекол од истрагата за пожарот во Кочани поради наводни притисоци и несогласување со правната квалификација на кривичните дела за осомничените, реагира Јавното обвинителство на наводите што ги изнесе опозициската ДУИ.

„Обвинителскиот тим постапува целосно синхронизирано и непрекинато презема дејствија“, соопшти Обвинителството.

Оттаму посочуваат дека не се повлекол обвинител ниту од тимот обвинители од основните јавни обвинителства што ги истражуваат причините за пожарот, ниту од ОЈО за гонење организиран криминал и корупција  кое врши истрага за полициските службеници.

ДУИ утрово со драматично соопштение предупреди за политички притисок во истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Всушност, на опозициската партија најголем проблем ѝ е што нејзиниот член Крешник Бектеши, кој е осомнилен во истрагата, и натаму останува во притвор.

„ДУИ со сериозна загриженост ги следи случувањата поврзани со трагичниот настан во Кочани и начинот на кој институциите на правдата го водат процесот – под јасен политички притисок и со намера вината да се префрли кај други, за да се заштитат сопствените луѓе на власта. Информациите дека еден јавен обвинител кој бил дел од предметот се повлекол поради несогласувања околу квалификацијата на делото и особено поради политички притисоци од страна на партии во Владата, во нормална држава, би бил аларм за целото општество. Вчера беше донесена одлука речиси сите приведени да бидат пуштени, освен Крешник Бекташи, кој и понатаму останува во притвор – личност која одамна е цел на политичка одмазда. Ова не е веќе индивидуален случај – туку опасен модел на селективна правда, која станува алатка за политички притисок и елиминација“, соопшти ДУИ.

Тимот на обвинители кои постапуваат во истрагата за трагичниот пожар во Кочани е составен од 11 јавни обвинители.

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март загинаа 61 лице, а околу 200 беа повредени.

Share This Article