Топ Вести - Слушај сега
ОПШТИНА ДЕБРЦА
Врз основа на член 22 став 1 точка 3 и член 50 став 1 точка 16 од Законот за локална самоуправа („Сл. весник на Р.М.“ бр. 5/02) и член 15 став 1 точка 3 од Статутот на Општина Дебрца („Сл. гласник на општина Дебрца“ бр. 3/2005), Градоначалникот на Општина Дебрца објавува:
ЈАВЕН ПОВИК
ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ПРОДАВНИЦИ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ОПШТИНА ДЕБРЦА ЗА 2026 ГОДИНА
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
Преку мерката за субвенционирање на дел од трошоците на економските субјекти кои се занимаваат со малопродажба на територијата на општина Дебрца, општината има за цел да го помогне економскиот развој во населените места, да овозможи подобри и полесни услови за живот на своите граѓани притоа исполнувајќи го барањето на своите жители за отворање на што е можно повеќе продавници на територијата на општина Дебрца. Оваа мерка ќе придонесе и за отворање на нови работни места што секако е стратешки приоритет на општината.
Согласно законската регулатива а во согласност со донесената програма за локален економски развој на општина Дебрца за 2026 година, Општина Дебрца како единица на локалната самоуправа води активна политика на силна финансиска поддршка на економските субјекти кои работат или имаат желба да работат на територијата на општина Дебрца.
ПРАВО НА УЧЕСТВО НА ЈАВНИОТ ПОВИК
Правни лица со седиште во општина Дебрца кои отпочнале да вршат дејност трговија на мало на територијата на општина Дебрца, или правни лица кои отвориле подружници во општина Дебрца преку кои вршат дејност трговија на мало;
НАЧИН НА АПЛИЦИРАЊЕ И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ
Пријавувањето на Јавниот повик се врши со доставување на барање кое се подигнува од Архивата на општина Дебрца или од веб страната на општина Дебрца: www.debrca.gov.mk;
Пријавите со документите се доставуваат во затворен коверт: Општина Дебрца с. Белчишта, со назнака за: „Јавен повик за субвенционирање на продавници на територијата на општина Дебрца за 2026 година“ – лично во архивата на Општина Дебрца.
Јавниот повик ќе трае од 01.01.2026 година во текот на целата година.
Во прилог на пријавата барателите се должни да ја обезбедат и следнава
документација:
4.Потврда од општина Дебрца за платен данок на имот, фирмарина и обврски произлезени од договор за закуп доколку правното лице има склучено договор за закуп со општина Дебрца на објект во кој ја врши дејноста;
КРИТЕРИУМИ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ
Мерката е наменета за сите правни субјекти во општина Дебрца кои вршат дејност малопродажба преку отворени продавници во било кое населено место во општина Дебрца. И за новоотворените продавници на територијата на општина Дебрца важат истите правила и документација која се должни да ја достават откако продавницата ќе биде отворена. Општина Дебрца согласно буџетските можности има право за новоотворените продавници предност при финансирање да даде за оние населени мести каде за првпат се отвора продавница. Субвенцијата се исплаќа по завршување на секој месец за 12 месеци во текот на годината и изнесува по 10.000 денари по подносител на барање. Доколку еден правен субјект има повеќе продавници во различни населени места на територијата на општина Дебрца, субвенцијата му следува за секој од нив. Со секој добитник на субвенција ќе биде склучен посебен договор за регулирање на меѓусебните права и обврски.
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ЈАВНИОТ ПОВИК
Одобрените барања за финансирање ќе се обработуваат и исплаќаат тековно веднаш после поднесено барање а заради транспарентност на процесот ќе бидат јавно објавени на веб страната на општина Дебрца: www.debrca.gov.mk, на крајот од 2026 година. Средствата за реализација на овие активности се предвидени во рамки на Програмата за локален и економски развој на општина Дебрца за 2026 година.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
Дополнителни информации во врска со Јавниот повик може да се добијат на тел: 046/286855.
Прилог:барање и изјава продавници (1)
ОПШТИНА ДЕБРЦА
Градоначалник
Златко Сиљаноски
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
