Топ Вести - Слушај сега
ОПШТИНА ДЕБРЦА
Врз основа на член 22 став 1 точка 13 и член 50 став 1 точка 16 од Законот за локална самоуправа („Сл. весник на Р.М.“ бр. 5/02) и член 15 став 1 точка 13 од Статутот на Општина Дебрца („Сл. гласник на општина Дебрца“ бр. 3/2005), Градоначалникот на Општина Дебрца објавува:
ЈАВЕН ПОВИК
ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ДЕЛ ОД ТРОШОЦИТЕ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА Б КАТЕГОРИЈА
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
Преку мерката за субвенционирање на дел од трошоците за полагање на возачка дозвола Б категорија општина Дебрца има намера да помогне на младите жители од општината да го завршат полагањето на практичниот и теоретскиот дел од испитот за возачи и со тоа да се стекнат со возачка дозвола од Б категорија. Имајќи ја во предвид економската состојба и можностите на жителите, оваа мерка директно е насочена кон младите луѓе и нивните семејства од една страна и зголемување на безбедноста во сообраќајот и намалување на појавата на управување на моторно возило без да се поседува соодветна возачка дозвола од друга страна.
Согласно законската регулатива а во согласност со донесената програма за локален економски развој на општина Дебрца за 2026 година, Општина Дебрца како единица на локалната самоуправа води активна политика на силна финансиска поддршка за младите луѓе и активно ги следи и работи на остварување на нивните потреби.
ПРАВО НА УЧЕСТВО НА ЈАВНИОТ ПОВИК
Млади луѓе, жители на општина Дебрца кои во моментот на поднесување на барањето за субвенционирање не навршиле 21 година;
НАЧИН НА АПЛИЦИРАЊЕ И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ
Пријавувањето на Јавниот повик се врши со доставување на барање кое се подигнува од Архивата на општина Дебрца или од веб страната на општина Дебрца: www.debrca.gov.mk;
Пријавите со документите се доставуваат во затворен коверт: Општина Дебрца с. Белчишта, со назнака за: „Јавен повик за субвенционирање на дел од трошоците за полагање на возачка дозвола Б категорија“ – лично во архивата на Општина Дебрца.
Јавниот повик ќе трае од 01.01.2026 година во текот на целата година.
Во прилог на пријавата барателите се должни да ја обезбедат и следнава
документација:
КРИТЕРИУМИ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ
Мерката е наменета за сите жители на општина Дебрца кои во моментот на аплицирање не навршиле 21 година без оглед на нивниот социјален статус и економската состојба на семејството и се исплаќа еднократно по 20.000 денари по апликант по завршен процес на полагање на возачки испит за Б категорија.
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ЈАВНИОТ ПОВИК
Одобрените барања за финансирање ќе се обработуваат и исплаќаат тековно веднаш после поднесено барање а заради транспарентност на процесот ќе бидат јавно објавени на веб страната на општина Дебрца: www.debrca.gov.mk, на крајот од 2026 година. Средствата за реализација на овие активности се предвидени во рамки на Програмата за локален и економски развој на општина Дебрца за 2026 година.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
Дополнителни информации во врска со Јавниот повик може да се добијат на тел: 046/286-855.
Прилог:барање возачки
ОПШТИНА ДЕБРЦА
Градоначалник
Златко Сиљаноски
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
