Јапонската компанија „Панасоник“ денеска објави дека во текот на тековната фискална година ќе отпушти 10.000 вработени, по 5.000 во Јапонија и во странство, со цел да се запре падот на профитот преку реструктуирање и пренасочување на операциите кон области со повисок раст.
„Ќе го забрзаме преминот кон попрофитабилни сектори, ќе се потпреме на напредни технологии за вештачка интелигенција и ќе се фокусираме на сегменти што носат раст“, се наведува во официјалното соопштение на компанијата од Осака.
Трошоците за реструктуирање во фискалната година до март 2026 година ќе изнесуваат околу 130 милијарди јени, односно 895 милиони долари.
Секторите за индустриски апарати и телевизори, кои бележат низок раст, ќе бидат најпогодени, бидејќи компанијата планира значително да ги намали, па дури и да затвори некои од нив.
„Панасоник“ е еден од клучните партнери на американската компанија „Тесла“ на која ѝ испорачува батерии за електрични автомобили, но промената на приоритетите јасно покажува дека јапонската компанија бара постабилни извори на приход и поголема оперативна ефикасност.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
