Background

Јаневска вели дека лажните дојави за бомби ги вознемирија учениците и родителите

Дојавите за бомби во училиштата се лажни, потврдија проверките на МВР. Учениците се вратени на настава и се е под контрола, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска.

На прес-конференција претпладнево, таа соопшти дека утрово МОН формирали меѓуресорска група за поефикасно справување со ситуацијата откако во повеќе основни и средни училишта денеска имало дојави за поставени експлозивни направи.

– По дојавите за поставени експлозивни направи во основните и средните училишта низ државата, утрово во координација со повеќе институции формиравме меѓуресорска група за поефикасно справување со ситуацијата и преземање мерки за одржување на безбедноста во училишните објекти на соодветно ниво – изјави Јаневска, потенцирајќи дека досегашните проверки потврдиле оти сите дојави се лажни.

- Advertisement -
Ad image

Се заблагодари на МВР за брзата реакција и истакна дека жали што некој „вака си поигрува со децата“. Ги повика раководствата на училиштата дојавите да ги пријавуваат во МВР и да ги следат протоколите на полицијата.

Апелираше до наставниците и директорите на училиштата за комуникација да ги користат исклучиво службените електронски адреси креирани од МОН.

Како што рече, според првични информации, дојавите не се добиени на службени, туку на приватни мејлови и затоа тие, рече, не треба да се користат.

Соопшти дека безбедноста е подигната на повисоко ниво со двојна автентикација при користење на службени мејлови.

На општините им препорача ако се во можност да имаат физичко обезбедување и видеонадзор во училиштата, а на училиштата да бидат попретпазливи „кој и како влегува во овој сензитивен период“.

– Жалам што некој се поигрува со нашите деца и ја вознемирува јавноста. Училиштата, во случај на идни дојави за експлозивни направи, веднаш треба да пријават во МВР и да ги следат упатствата и протоколите што ќе ги добијат од стручните лица од министерството – додаде Јаневска.

На прашање дали има сознанија кој ги праќа  дојавите, Јаневска одговори дека за тоа е надлежно МВР, но дека МОН е во постојана комуникација со полицијата.

Министерката апелираше, особено до родителите, да се чувствуваат безбедно бидејќи, рече, сите мерки се преземени.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation