Background

Јанчев не возел под дејство на алкохол и над дозволената брзина, моторциклот се забил во вратата на автомобилот, објаснуваат од Левица

Во изминатите часови во јавноста, од страна на т.н. „куртонски медиуми“ контролирани од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, се појавија бројни дезинформации во врска со сообраќајната несреќа која беше пријавена од страна на нашиот пратеник – м-р Сашко Јанчев, а кои воопшто не одговараат со фактичката состојба на терен, велат од Левица во демантот на информациите кои излегоа во јавноста околу условите под кои се случила несреќата во која беше инвловиран нивниот пратеник.

Соопштението го пренесуваме во целост:

„Во интерес на вистината, а со цел јавноста да има точни и проверени информации, наместо тенденциозни спинови и лажни вести, во продолжение го споделуваме она што досега го знаеме од надлежните органи:

- Advertisement -
Ad image

Сообраќајната несреќа се случила ноќеска по полноќ, при удар на нерегистриран и неисправен моторцикл без светло, управуван од малолетник без возачка дозвола и без заштитна кацига, кој возејќи со неприлагодена брзина на патот, практично се забил во совозачката врата на автомобилот управуван од пратеникот Јанчев, кој во тој момент имал вклучен жмигавец за вртење десно (види слика од лице-место).
Според досегашните информации на очевидци, пратеникот управувал со возилото совесно, согласно сообраќајните правила и прописи, односно со пропишана брзина и НЕ бил под никакво дејство на алкохол (бидејќи Јанчев воопшто не ни пие алкохол)! За жал, несреќата се случила за миг и практично не можела да се избегне, по што пратеникот на Левица постапил сосем присебно и одговорно и самиот лично повикал полиција и Брза помош, која на местото на настанот пристигнала дури по 40-на минути.

Во несреќата се повредени пратеникот Јанчев и негов сопатник (едниот со повреди на кичмата, а другиот со потрес на мозокот), како и малолетна сопатничка на возачот на моторциклот. За жал, малолетниот возач на моторциклот е најтешко повреден и е пренесен на болничко лекување.

Изразуваме длабоко жалење за оваа трагична ситуација и упатуваме искрени желби и намери до семејството на повредениот млад човек за негово што побрзо и целосно оздравување. Стоиме на располагање и тука сме за било што, што е потребно во процесот.
Апелираме до младите да бидат одговорни учесници во сообраќајот и секогаш да се придржуваат до правилата, со цел да се избегнат вакви сериозни несакани ситуации во кои страдаат сите инволвирани.

Истовремено, упатуваме јавен повик до Сообраќајната полиција при Министерството за внатрешни работи (МВР), наместо да дава тенденциозни соопштенија, да врши засилени превентивни контроли, особено насочени кон најмладите учесници во сообраќајот, со кои ќе се превенираат опасностите од небрежно возење мотори без соодветна заштитна опрема, на кои сме сведоци секојдневно низ Скопје и низ цела Македонија.
Левица ќе го чека вештачењето и крајот на официјална истрага која ја води Обвинителството, при што ќе продолжи да ја информира јавноста навремено и транспарентно, бидејќи воопшто немаме што да криеме.

Ја повикуваме македонската јавност да не подлегнува на тенденциозни лажни вести и шпекулации од потплатени непрофесионални медиуми, со цел како општество да се справиме со оваа несакана ситуација на граѓански одговорен начин.

На секој евентуален обид за политички местенки или нечесни дејствија со цел користење на случајот како дистракција од катастрофалните политики на власта, а пред сè заради политичката припадност на пратеникот Јанчев, ќе реагираме остро и без задршка.
Ги повикуваме институциите чесно, одговорно и без притисоци да си ја завршат својата работа на крајно професионален начин.
Посакуваме ова никогаш и никому да не му се случи и изразуваме најискрено и длабоко жалење за инцидентот“.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation