Два угостителски објекта се затворени во Тетово по вчерашната контрола на Управата за финансиска полиција, Државниот пазарен инспекторат и Дирекцијата за заштита и спасување.
Извршени се контроли во 16 угостителски објекти од кои 10 во Тетово и 6 во Гостивар, кај кои биле констатирани низа неправилности. Од страна на ДПИ и ДЗС ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци, а ДПИ затворил два угостителски објекта во Тетово.
Вчера, 19.03.2025 од 10 до 15 часот, полициски службеници од СВР Тетово и ОВР Гостивар во содејство со претставници на трите институции, извршиле акциска контрола и презеле координирани мерки и активности насочени кон сузбивање на недозволени криминални активности кои се вршат во угостителски објекти на подрачјето на Тетово и Гостивар.
Целта била сузбивање на недозволена трговија со дрога, посредување во вршење на проституција, перење пари, коруптивни кривични дела од службени лица вработени во државни институции поврзани со незаконско работење на субјекти кои вршат угостителска дејност и други нелегални активности.
Tagged as:
Извршена контрола во 16 објекти најдени низа неправилности
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
