Познатиот српски рапер Стефан Ѓуриќ, познат под сценското име Раста, беше уапсен вчера пред Спортскиот центар “Биљанини Извори” во Охрид, каде што требаше да настапи како предгрупа на концертот на светската ѕвезда Џејсон Деруло.
Според информациите од охридската полиција, рaперот беше приведен откако се обидел да користи марихуана пред очите на полицајците кои се наоѓаа на локацијата. Инцидентот се случил во присуство на голем број публика која се собрала за концертот.
При претресот кај Раста беше пронајдено паковање со околу 6 грама марихуана. Рaперот веднаш беше приведен во охридската полиција каде што се спроведуваат натамошните постапки.
Денес Раста треба да биде изнесен пред надлежен судија за предходна постапка. Со оглед на тоа што се работи за странски државјанин, според неофицијални информации, обвинителството бара брза постапка за случајот.
Овој инцидент ги разочара многуте фанови кои очекуваа да го видат настапот на српскиот рапер пред концертот на Џејсон Деруло во Охрид.
Охридската полиција потврди дека случајот е во тек и дека ќе бидат преземени сите потребни правни мерки согласно македонското законодавство.
Tagged as:
Уапсен српски рапер Стефан Ѓуриќ-Раста во Охрид поради поседување марихуана
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
