Израелскиот министер за одбрана Израел Кац се закани дека ќе продолжи со борбите во Газа ако Хамас не ги почитува условите од договорот за примирје и не ги предаде телата на сите заробени заложници

Lorita
By Lorita
3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац се закани дека ќе продолжи со борбите во Газа ако Хамас не ги почитува условите од договорот за примирје и не ги предаде телата на сите заробени заложници. Хамас му ги предаде на Израел останките на уште двајца заложници во среда навечер.

„Доколку Хамас одбие да го почитува договорот, Израел, во соработка со САД, ќе ја продолжи борбата и ќе преземе мерки за целосно поразување на Хамас“, се вели во соопштението од канцеларијата на израелскиот министер за одбрана, според француската новинска агенција АФП.

Изјавата дојде откако Хамас ги предаде телата на уште двајца заложници во среда навечер, велејќи дека нема да може да ги ископа преостанатите тела од урнатините во Газа разорена од војна без потребната специјална опрема.

Хамас ослободи 20 живи заложници во понеделник според договорот за примирје што движењето го постигна со Израел според мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп. Сепак, од понеделник ги предаде само останките на девет од 28-те заложници. Израел вели дека едно од телата не му припаѓа на заложник.

Хамас му предаде на Црвениот крст повеќе тела на заложници
Високи американски советници изјавија во среда дека Хамас сè уште има намера да го исполни своето ветување откако Израел се закани дека ќе продолжи со борбите во Газа.

„Продолжуваме да слушаме од нив дека имаат намера да го почитуваат договорот. Тие сакаат да се постигне договор на тој фронт“, изјави еден од советниците за новинарите под услов да остане анонимен.

Израел, исто така, го условува отворањето на граничниот премин Рафах меѓу Газа и Египет со враќањето на сите тела на заложниците. Според извештаите, граничниот премин би можел да се отвори денес, што ќе овозможи испорака на поголеми количини хуманитарна помош до палестинската енклава.

Штрајк и демонстрации во поддршка на Палестинците во Шпанија
Десетици илјади луѓе во Шпанија вчера, на повик на синдикатите, учествуваа во штрајк во поддршка на палестинскиот народ и во знак на протест против израелската воена акција во Газа. Освен мали доцнења во јавниот превоз, нема извештаи за поголеми нарушувања на јавниот живот. Штрајкот беше проследен и со демонстрации кои се претворија во немири во Барселона.

Share This Article