Израелската армија одобри план за нова окупација на Газа

Lorita
By Lorita
4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Израелската армија денес објави дека одобрила нов план за претстојната воена офанзива во Газа.

Началникот на Генералштабот на израелската армија, Ејал Замир, „ја одобри главната рамка на оперативниот план на армијата во Газа“, се вели во соопштението, без да се прецизира кога ќе се случи офанзивата, според францускиот печат.

Соопштението доаѓа само неколку дена откако израелскиот кабинет за безбедност во петокот одобри план за целосна воена окупација на градот Газа.

Армијата се подготвува да започне нова фаза од воените операции во Газа за ослободување на сите израелски заложници и пораз на Хамас. Целта е да се преземе целосна контрола врз градот Газа и околните бегалски кампови, едно од најгусто населените области на опколената палестинска територија што го уништи во повеќе од 22 месеци војна, пренесува АФП.

За време на денешните дискусии, „беа презентирани акциите на војската досега, вклучително и нападот во областа Зејтун што започна во вторник“, соопшти војската.

Населбата Зејтун во градот Газа беше цел на обемни израелски воздушни напади во текот на изминатите три дена, а жителите таму, исто така, пријавија гранатирање во соседната населба Тел ал Хава.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави во неделата дека Израел воено контролира „70 до 75 проценти“ од Газа и дека планира да го заземе градот Газа и делови од централната палестинска територија.

Планот „не е насочен кон окупирање на Газа, туку кон нејзина демилитаризација“, рече тој, повторувајќи дека целите на Израел се разоружување на Хамас, враќање на сите заложници, демилитаризација на Газа, израелска безбедносна контрола во Газа и воспоставување цивилна администрација која нема да ги вклучува ниту Хамас ниту Палестинската самоуправа.

Израелски воздушни напади убија најмалку 11 лица во Газа
Израелските воздушни напади и тенкови ги напаѓаат областите Зејтун и Сабра во градот Газа веќе три дена, предизвикувајќи „масовно уништување на цивилни домови“, изјави портпарол на Палестинската цивилна одбрана, според Би-Би-Си. Најмалку 11 лица беа убиени во израелските воздушни напади врз градот Газа во вторник, објави Ројтерс.

- Advertisement -
Ad image

Во изминатите 24 часа, телата на 100 убиени Палестинци беа донесени во болниците низ Газа, вклучувајќи 31 кои беа убиени во областите за дистрибуција на помош. Уште пет лица починаа во палестинската енклава од глад и неухранетост.

Лидерот на Хамас, Калил ал-Хаџа, денес пристигна во Каиро на разговори со египетските власти за можноста за оживување на планот поддржан од САД за прекин на војната во Газа, објави Ројтерс. Се очекува разговорите да се фокусираат на начините за прекин на војната, испорака на помош и прекин на страдањето на луѓето во Газа.

Последната рунда индиректни разговори за предлогот на САД за 60-дневен прекин на огнот и ослободување на заложниците, одржана во Катар кон крајот на јули, не донесе напредок, а Израел и Хамас се обвинуваат меѓусебно за неуспехот.

- Advertisement -
Ad image

Министрите за надворешни работи од 24 земји и Европската Унија во вторник издадоа заедничка изјава во која повикаа на акција за справување со гладот во Газа. Како одговор, тие го повикаа Израел да дозволи сите испораки на помош од меѓународни невладини организации и да им дозволи на клучните хуманитарни актери, вклучувајќи ги и Обединетите нации, да работат.

Share This Article