Инцидентот се случил кратко откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху потврди дека го прифатил предлогот за прекин на огнот на американскиот претседател Доналд Трамп.
Според израелските медиуми The Times of Israel и YNet News, Иран испукал две балистички ракети, кои веројатно биле пресретнати, според достапните информации.
Немало извештаи за погодени цели или повредени, објавува Ал Џазира.
Веднаш потоа, израелскиот министер за одбрана Израел Кац објави одмазда за нападот на социјалната мрежа X:
„Им наредив на Израелските одбранбени сили енергично да одговорат на кршењето на прекинот на огнот од страна на Иран со моќни напади врз режимски цели во самото срце на Техеран.“
Тензиите меѓу Техеран и Тел Авив продолжуваат да растат и покрај обидите за деескалација, а ситуацијата останува исклучително нестабилна.