Background

Израел нападна ирански радар пред да се повлече

Израелските воени авиони во вторникот попладне извршиле ограничен воздушен удар врз ирански радар северно од Техеран.

Ова се толкува како повлекување од првичната закана за силен одговор поради наводно нарушување на повторно договореното примирје со посредство на Вашингтон, што влезе во сила само неколку часа претходно, објави Тајмс оф Израел.

Според Израелската одбрана (ИДФ), двајца ирански ракетни проектили биле лансирани кон севернотериторијата околу 10:30 часот, приближно три и пол часа по стапувањето на примирјето. Ова следеше по смртоносен ракетен напад на Биршеба, што уби 4 лица кратко пред примирјето да стапи во сила.

Дали ќе опстои примирјето?

- Advertisement -
Ad image

Обновените непријателства ја доведоа во прашање важноста на примирјето што го објави американскиот претседател Доналд Трамп, и покрај тоа што иранските и израелските власти порано тврдеа дека ќе ги суспендираат нападите, сè додека другата страна го почитува договорот.

Израел тврдеше дека ќе одговори со сила на иранските ракети, но на крајот го ублажи својот напад со „симболичен“ удар, откако премиерот Нетанјаху имал телефонски разговор со Трамп чиишто реакции биле „исклучително силни и директни“. Трамп барал целосно повлекување на нападот, што Нетанјаху делумно го прифатил, соопштуваат извори.

– Претседателот му кажа на Нетанјаху што треба да направи за да се одржи примирјето. Премиерот разбра колку е сериозна ситуацијата и загриженоста што Трамп ја изрази – изјавил извор од Белата куќа за Аксиос.

Трамп го повика Израел да се воздржи

Трамп јавно му порача на Израел „да се смири“ и изрази незадоволство од најавената одмазда на Израел.

На неговата платформа Трут сошал, тој порача: „Не фрлајте ги тие бомби. Ако го направите тоа, тоа е големо прекршување. Вратете ги вашите пилоти дома, веднаш“.

Израел во последен миг го отповика поголемиот дел од својата авијација, иако не е познат обемот на првичниот план за напад.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation